verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема равенство меѓу урбаниот вандализам и пустошот на ИД

on 19 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ИСИС уништуваше спомен обележја во Па_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_i 1

[Рецензија: ИСИС уништуваше спомен обележја во Палмира, Зоран Заев во Скопје (ФОТО)]

 

Бесрамен спин. Медиумска пропаганда и обид за изедначување на случаи на урбан вандализам во Скопје, со неповратно уништување на бесценети историски артефакти во Сирија.

1111Линк до оригиналниот напис: ИСИС уништуваше спомен обележја во Палмира, Зоран Заев во Скопје (ФОТО)

Датум и време на објавување: 17.04.2016,  14:02

Датум на рецензирање: 18.04.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СПИН И ПРОПАГАНДА

Медиумската спин-машина „уфрли“ во повисока брзина – протестите во Скопје против чинот на групно помилување, како и случаите на нагрдување на дел од објектите од „Скопје 2014“, почна да ги споредува со цивилизациското безумие на Исламската држава, која зад себе остава пустош, уништувајќи историско наследство што му припаѓа на човештвото. Ова е опасна манипулација, без дилеми. Знак на равенство не може и не смее, барем не во нормална медиумска средина, да се стави меѓу овие две ситуации.

Во случајот со Скопје, не зборуваме за трајно уништување на објектите, туку за нивно, ете, да го наречеме, и делумно оштетување, со тоа што врз нив се фрла со бои, јајца или, пак, се прекриени со графити. Значи, не се работи за непоправлив чин. Да, одзема пари и време. Да, тоа спаѓа во категоријата вандализам, ама секако не е исто што и кревањето во воздух на илјадници години стари објекти, мавзолеи, музеи, како што тоа го прават фундаменталистите во Сирија, Ирак и во Авганистан.

 

ГРАЃАНСКИОТ РЕВОЛТ НЕ Е КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД

Понатаму, Исламската држава, според бројни експерти, како дел од својата стратегија на уништување артефакти, всушност, врши културен геноцид.

„Ова уништување претставува нова фаза во културолошкото чистење што се спроведува во регионите под контрола на екстремистите“, вели Ирина Бокова, директорка на УНЕСКО. (изјава дадена по уништувањето на библиотеката во Мосул)

Во Скопје не станува збор за такво нешто, туку за изразување граѓански револт, насилните акти секако не се за оправдување, поради конкретна политичка одлука и ситуација во земјата. Луѓето, преку нагрдувањето на спомениците и објектите од „Скопје 2014“, испраќаат порака до власта чиешто „чедо“ или, ако сакате, „дијамант во круната“ и симбол на моќта на владејачката партија е токму тој, за некои грандиозен, за други мегаломански проект. За тоа говорат и пораките испишани на Порта „Македонија“, како, на пример: „Ова е народ“, „ВМРО никад више“, „Смрт на фашизмот, слобода на народот“…

Друг сериозен спин е дека, наводно, демонстрантите се против македонската историја чии сегменти се наоѓаат на Порта „Македонија“.

„Ова се спомен обележјата, посветени на македонската историја кои им пречат на дивите орди организирани од Зоран Заев.“

Едно е демонстрантите да бидат против „Скопје 2014“, што и јасно го искажуваат, ама да се каже дека се против сопствената историја е манипулација, зашто фрлањето јајца по портата не значи дека тие ги омаловажуваат настаните релјефирани на неа. Не, тие се противат на политиката на една елита, манифестирана и отелотворена токму преку разни порти, барок, антички споменици…

Пропагандистичко четиво кое може да направи голема белја, ако се најде во раце на дезинформиран и погрешно упатен човек.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

може да предизвика реакција

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести