verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Говорот на омраза е спротивен со новинарството

on 19 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #128 - 'Shqiptarët thumbojnë plitikanët shqiptarë_ _Jetoni si Shqiptarë, vdisni për shka_' - www_zhurnal_mk_content__id=164710

Напис: Албанците ги критикуваат албанските политичари: „Живеете како Албанци, а умирате за каурите“

Ако Иса Болетини беше жив, немаше да им дозволи на политичарите да се однесуваат на овој потчинувачки начин кон Македонците, бидејќи ќе земеше два пиштоли со себе, ќе влезеше во државните институции и ќе речеше „Не се потчинувајте“, вака напишал еден коментатор на ФБ-страницата на агенцијата за вести „Журнал“.

Изгледа човекот со оваа реакција бил револтиран од општата политичка состојба во државата што ги дискриминира Албанците во секој поглед.

Дали е ова порака дека сите политичари не ја имаат веќе довербата на народот, и не само постарите партии, како што е ДПА и ДУИ, туку дека се разочарани и од новите партии кои се појавија на политичката сцена, кои не го кренале својот глас против политиките на Груевски и кои не направиле ништо конкретно со што би ја добиле довербата на албанската популација.

 

 

[Рецензија: Албанците ги критикуваат албанските политичари: „Живеете како Албанци а умирате за каурите“]

Секако дека гласот на народот треба да биде пренесен во медиумите, но не и во случаи каде што коментарите се невоздржани и шират говор на омраза. Новинарската мисија не е да шири непријателство, туку спротивното. Говорот на омраза е во спротивност и со Етичкиот кодекс на новинарите.download (1)

Линк до оригиналниот напис: Албанците ги критикуваат албанските политичари :„Живеете како албанци а умирате за каурите”

Датум и време на објавување: 07.04.2016

Датум на рецензирање: 11.04.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот што го рецензираме почнува со насловот „Албанците ги критикуваат албанските политичари: ’Живеете како Албанци, а умирате за каурите’“. Зборот „каури“ е навредлив збор за народите со словенско потекло и неговата употреба се смета за говор на омраза, па не му е местото во медиумите. Медиумите и новинарите во ниеден момент не смеат да објават новинарски производи со ваква содржина.

Новинарот нема да зборува со говорот на омраза и нема да поттикне насилство и дискриминација по ниедна основа, вели член 10 од Етичкиот кодекс на новинарите.

Да споменеме дека под говор на омраза го подразбираме секој навредлив говор што има цел да поттикне омраза кај одредена група луѓе.

Текстот пренесува коментар од ФБ-страницата на агенцијата на вестите, како тој да е мислење на сите Албанци.

Оваа тенденција за свесна дезориентација на јавноста е надвор од сите професионални стандарди. Обично, за да излезе текстот пообјективен и за да пренесе една информација, содржината треба да се состави врз основа на повеќе гласови и процени на народот.

„Ако Иса Болетини беше жив, немаше да им дозволи на политичарите да се однесуваат на овој потчинувачки начин кон Македонците, бидејќи ќе земеше два пиштоли со себе, ќе влезеше во државните институции и ќе речеше „Не се потчинувајте“, вака напишал еден коментатор на ФБ-страницата на агенцијата за вести „Журнал“.“

Друг елемент, што уште еднаш го потврдува фактот дека овој текст е пример за тоа како не треба да изгледа една вест, е поддржувањето на коментарот што е проследено од толкувањето на новинарот.

„Изгледа човекот со оваа реакција бил револтиран од општата политичка состојба во државата што ги дискриминира Албанците во секој поглед.“

Новинарот свесно нема да создаде, ниту да обработи информации што ги повредуваат правата и слободите на човекот, нема да зборува со говорот на омраза и нема да поттикне насилство и дискриминација, врз која било основа, се вели во  прирачникот за професионално новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести