Рецензии

Атрибуцијата и директните докази – најдобар штит на новинарот

на 27. 04. 2016 | | sq

Напис: Згреши претседателот Иванов! Амнестира една друга Фатиме Фетаи!

Една Фатиме Фетаи е амнестирана, но не Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство. Поради брзањето да заврши работа, Иванов ги помешал поединците, известува „Телеграфи Македонија“. Порталот „Сакам да кажам“ информирал дека претседателот Ѓорге Иванов ја промашил целта на помилувањето и по грешка помилувал една Фатиме Фетаи од Гостивар. Ова го потврдува и писмото од Фатиме Фетаи, специјалната јавна обвинителка, која му се обратила на претседателот Иванов, каде му кажува дека таа нема пријава, но ниту била некогаш кривично гонета од некој македонски суд. Инаку, Фатиме Фетаи, онаа вистинската, живее во Боговиње, а не во Гостивар. /Телеграфи/  

[Рецензија: Згреши претседателот Иванов! Амнестира една друга Фатиме Фетаи!]

Некои вести се малку поспецифични

Важна тема со недостиг на основни елементи за вест!

на 27. 04. 2016 | | sq

Напис: Ужас во болниците во Македонија, сликаат пациенти за време на операцијата и ги објавуваат сликите

Скандал ја тресе Македонија. Во општата болница во Гевгелија, хирурзите, анестезиолозите и другиот помошен персонал, по една тешка операција на желудникот, решиле да се сликаат, нарушувајќи ја на овој начин приватноста на оперираниот пациент. Оваа екипа решила во операционата сала да се слика пред пациентот кој е несвесен и под дејство на анестезија (лекови и гасови кои се употребуваат при операција за да се успие пациентот). Оваа шокантна слика предизвика бројни реакции во јавноста поради фактот што со неа се нарушува приватноста и правата на пациентите. Според „Журнал“, до овој момент сè уште нема реакција од министерот за здравство, Никола Тодоров.

[Рецензија: Ужас во

Ермира го заслужува правото да се изјасни!

на 26. 04. 2016 | | sq

Напис: Ермира мисли дека Иванов не заслужува да биде претседател

Сега веќе светски познатата пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, во еден нејзин пост се изјаснила дека Иванов не заслужува да биде претседател. Таа ја пренела веста од мрежата на „Би-би-си“ со наслов „Корупцијата во Македонија: Иванов не отстапува од помилувањето“, пишувајќи :„Не сум го гласала, не ми се допаѓа, не е мој претседател“, пишува „Факте“. Симпатичната пратеничка, меѓутоа, не објаснува зошто таа и нејзината партија имаа директно влијание за Ѓорге Иванов да биде 10 години на чело на нашата земја? Првиот пат, симнувајќи го цензусот за излез од 50 отсто на 40 отсто во 2009 година и вториот пат, распишувајќи ги и парламентарните и претседателските избори за ист ден во

Белград не им верува на солзите на „контрашите“!

на 26. 04. 2016 | |

[Рецензија: Српска агенција по налог на СДСМ ги штелува вестите од Македонија]

  Дали негативниот ореол што го добива власта во западните медиуми претпоставува дека тие што ги организираат контрапротестите треба да се надеваат барем на внимание од соседните земји? Текстот кој е предмет на опсервација, жали што белградските медиуми не обрнале внимание на големиот контрапротест што во четвртокот (21 април) се одржа на неколку места во Скопје. Се бара „виновникот“ за таквиот однос и тој не се наоѓа ниту во „контрашките“ аргументи, кои можеби не привлекуваат внимание, ниту во фактот дека опсервираните српски медиуми можеби имале поинтересни теми, туку виновникот е најден во Зоран Заев, кој имал можност да ги „штелува вестите“ во соседството преку соодветна агенција! Линк до

Експерт за сè!

на 26. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Одложувањето на изборите не донесе ништо освен продлабочување на кризата во Македонија]

  МНОЖИНА: Форма кај менливите зборови што означува повеќе од едно лице, предмет или поим. Оттука, еден „експерт“ не може да претставува  „експерти“, зашто од погоре наведеното произлегува дека таквото мешање на множина и на еднина не е во духот на македонскиот стандарден јазик. Тоа е само еден аспект од проблематичноста на текстот. Не помал недостаток е изборот на соговорникот што се квлаификува како експерт.  Линк до оригиналниот напис: Одложувањето на изборите не донесе ништо освен продлабочување на кризата во Македонија  Датум и време на објавување: 20.04.2016 17:35  Датум на рецензирање: 25.04.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 БЛИКА ОД ПРИСТРАСНОСТ

 Прва сервис-грешка:
  1. Ако се вели дека сте „набавиле“ мислења

Наместо пародија – перверзија

на 26. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Прес на СЈО за нов случај „Специјален секс“ – ВИДЕО]

  Оваа објава е исклучително вулгарна, надвор од сите новинарски стандарди, дури не спаѓа ниту во послободните критички новинарски жанрови. Материјалот се темели на видеозапис кој претставува шовинистичка пародија, која ги минува границите на пристојност и има цел да ги исмее јавните обвинителки. Линк до оригиналниот напис: Прес на СЈО за нов случај „Специјален секс“ – ВИДЕО Датум и време на објавување: 21.04. 2016, 15:45 Датум на рецензирање: 25.04.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПРИМИТИВИЗАМ И НЕВКУС

„СЈО излезе денес на нов прес да го презентира најновиот случај кој го отворија. И овој назив тотално одговара на делото – СПЕЦИЈАЛЕН СЕКС. Проследете го видеото од пресот на јавните обвинителки и

Бесмислена новинарска сторија

на 25. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: Зошто сите предмети на СЈО започнуваат на буквата Т?] Наместо да прочитаме разложен текст за тоа зошто сите досегашни предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) почнуваат на буквата „Т“, доживуваме разочарување зашто целата новинарска сторија на оваа тема се потпира на шпекулација и на дополнителна мистификација. Штета! Зашто прашањето е навистина занимливо и скокотливо, и, секако, тоа го прави од интерес за јавноста. Легитимно прашање за новинарска љубопитност бидејки, колку што е рецензентот информиран, досега не сме сретнале новинарски текст што се занимава со него. За жал, ќе си дозволиме да оцениме дека пристапот што го има овој текст, го прави бесмислен од повеќе аспекти кога станува збор за стандардните новинарски постапки кога треба да се добијат одговори за

Сендвич од Единбург „сликан“ на собирот од ГДОМ!

на 25. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Контрадемонстрантите незадоволни од сендвичите што се делеа денес на собирот од ГДОМ]

  Кога еден текст шири невистини, тоа нема никаква врска со новинарството. Таков е и овој напис. Искористувајќи фејсбук-статус, направена е вест, без притоа да се потврди или да се провери. Сето тоа е замешано со коментар и се добило ваква „каша“, каква што имаме за рецензија. Линк до оригиналниот напис: Контрадемонстрантите незадоволни од сендвичите што се делеа денес на собирот од ГДОМ Датум и време на објавување: 21.04.2016 Датум на рецензирање: 25.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕТОЧНА ВЕСТ

Фотографијата и статусот се земени од „Фејсбук“ и од тоа се прави информација која треба да омаловажи една политичка партија и нејзините приврзаници. Сепак, мора да се каже

Текст со партиска диоптија

на 25. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Заев бега од преговори, СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата]

  Површно, паушално и коментаторско – тоа се карактеристиките на овој материјал кој, очигледно, сака на исклучително сложената ситуација да ѝ  даде едно несоодветно поедноставување и обележување на виновникот, притоа искривувајќи ја реалната слика за состојбата. Би кажале – напис пишуван низ партиски очила.  Линк до оригиналниот напис: Заев бега од преговори, СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата  Датум и време на објавување: 20.04.2016  14:08   Датум на рецензирање: 24.04.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 УПРОПАСТЕНА  ВЕСТ

Имаме три параграфа, два од нив коректни, ама третиот (заклучокот) – не. Со само една реченица, урнисан е текст што можел да помине како куса, ама солидна информација. Од оваа последна реченица

Вест без вест

на 25. 04. 2016 | | sq

Напис: Огромен крст на излез од Скопје

На 12 април се навршија четири години од масакарот кај Смиљковско Езеро што ја потресе Македонија. Семејствата на убиените момчиња, Кире, Филип, Александар, Цветанчо и Борче и понатаму се во жалост. Настанот се случи во 2012 година, кога во Смиљковци, момчињата на возраст од 18 до 21 година од населба Радишани, биле излезени на излет. Во населба Радишани е поставен еден крст во спомен на трагичниот настан. Инаку, за убиството на овие млади момчиња се обвинуваат невини и во затвор се држат Албанци, од страна на поранешната министерка Гордана Јанкулоска наречени исламски терористи . Поради тоа се изврши една спектакуларна полициска акција каде албанските жени беа уапсени пред камери од страна на македонските