verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бајата вест со нов датум

on 19 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

chudo

[Рецензија: (ВИДЕО) Жена починала по пораѓањето – Лекарите и го приближиле синчето и се случило чудо]

 

Текстот, според начинот на пишување, повеќе потсетува на вест од категоријата занимливост, отколку на напис во рубриката за вести од светот. Во него не се запазени новинарските стандарди, според кои, настанот, освен што треба да се одреди според местото на одигрување, треба да се одреди и со времето на неговото случување.


-ВИДЕО Жена починала по пораѓањето Лекарите и го приближиле синчето и се случило чудо Reporter.mkЛинк до оригиналниот напис:
(ВИДЕО) Жена починала по пораѓањето – Лекарите и го приближиле синчето и се случило чудо

Датум и време на објавување: 16.04. 2016

Датум на рецензирање: 18.04. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ НА СТАРА ИНФОРМАЦИЈА

„Дека љубовта меѓу мајката и нејзиното дете е неверојатно силна докажува и ова видео од Хонг Конг кое досега е прегледано повеќе од 8 милиони пати.“

Написот има сензационалистички наслов, кој едноставно привлекува да кликнеш и да ја прочиташ информацијата, но на ниту едно место не го посочува изворот на информацијата, што е спротивно на новинарските стандарди.

Текстот има послободен стил на пишување, кој е карактеристичен за написи кои се од областа на забавата. За ваквиот тип информации е разбирливо при нивното пишување да не се држат строго до правилата на конструирање вест. Но, овој напис е објавен во категоријата свет, а тоа наметнува малку „постегнато“ пренесување на информациите.

Ама, дури и да се тргне категоријата настрана, сепак во написот е изоставен главниот момент, а тоа е временското детерминирање на настанот, кое е задолжително дури и кај вестите од категоријата забава. Проблемот е што станува збор за стара информација, која датира од февруари 2014 година. За проверка на овој податок, не е потребно премногу пребарување, доволно е да се отвори видеозаписот што е вметнат во текстот и од чие раскажување е направена целата вест.

Веднаш под видеозаписот стои времето на неговото објавување. Тоа е доволен показател дека станува збор за стара вест. Едно од основните правила на новинарството е навременото информирање. Со испуштањето на временската одредница, изворот на информацијата и со вака бомбастичен наслов, се допива впечаток дека единствената цел на текстот е да привлече повеке кликнувања, а притоа да понуди бајати информации.

Стари вести, па дури и во категоријата забава, може да се користат доколку се прави некој вид на хроника на слични регистрирани појави, но не и да се презентираат како актуелни.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести