verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропагандата никогаш не може да биде вест!

on 19 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #130 - 'Thyhet keq BDI e Çairit, Besa depërton fuqishëm! (Foto) I Iliria News Agency' - ina-online_net_thyhet-keq-bdi-e-cairit

Напис: Се крши чаирска ДУИ, Беса се пробива силно!

Разгранокот на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“ во Чаир дадоа „Беса“.

Вечерва Движењето Беса беше масовно пречекано во Чаир, а се основаа и месните совети (разграноците) на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“. За претседател на разгранокот на „Сами Фрашери“ беше избран економистот Ерхан Зубери, додека на „Братство единство“ – правникот Менсур Красниќи.

На присутните им се  обрати и Беким Салиу, претседател на чаирскиот разгранок и член на централното раководство, Аднан Азизи и Блерим Сејдиу, а на крај присутните ги поздрави и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.

 

[Рецензија : Се крши чаирска ДУИ, Беса се пробива силно!]

Новинарот треба да информира само врз основа на тоа што го забележува на местото на настанот. Негова улога е да ѝ овозможи на јавноста да се информира за тоа што не го видела и преку веста да им каже што, всушност, се случило. Меѓутоа, ова не подразбира дека тој има право во име на професијата да врши пропаганда за некој одреден субјект, што во овој случај се гледа јасно. Етичкиот кодекс на новинарите јасно одредува дека новинарот нема право да го користи медиумот за лични или пропагирачки цели. Веста што ја рецензираме, освен што е тенденциозна во насловот, врши и пропаганда надвор од секоја норма на професионалното новинарство, почнувајќи од првата редица.

„Разгранокот на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“ во Чаир дадоа „Беса“. Вечерва Движењето Беса беше масовно пречекано во Чаир, каде и се основаа месните совети (разграноците) на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“. За претседател на разгранокот на „Сами Фрашери“ беше избран економистот Ерхан Зубери, додека на „Братство единство“ – правникот Менсур Красниќи.“

Како беше пречекан едниот или другиот субјект на одредено место, не е работа што ја проценува новинарот. Не треба да се заборави дека заклучоците ги носи јавноста. Еден новинар никогаш не смее да го оспори правото на јавноста за да процени наметнувајќи им нешто преку еден новинарски напис.

Thyhet keq BDI e Çairit screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Се крши чаирски ДУИ, Беса се пробива силно!

Датум и време на објавување: 09.04.2016

Датум на рецензирање: 10.04.2016

Рецензент: Адриан Керими

За да се потврди тоа што го констатираме, односно пропагандата во овој напис, се потпираме на фактите. На пример, во еден од редовите на оваа вест се зборува и за поздравот на еден лидер, без да се даде ништо повеќе. Каде е веста тука? Еден лидер, доколку присуствува на еден собир со граѓани, нормално е да ги поздрави присутните, но и да им се обрати. Нема логика ниту е според стандардите тоа да биде дел од вест. Ако вреди тоа да се пренесе, тогаш, можеби, веста требаше да пренесе и поздрави што публиката му ги упатила на лидерот? Всушност, во професионалното новинарство, на вакви дела не им е местото во вест.

„На присутните им се обрати и Беким Салиу, претседател на чаирскиот разгранок и член на централното раководство, Аднан Азизи и Блерим Сејдиу, а на крај присутните ги поздрави и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.“

Ова не е сè! Има уште еден дел што не е во ред со оваа „вест“, а тоа е нецитирањето на изворот на фотографиите. На прв поглед се гледа дека тие се позајмени од канцеларијата за односи со јавноста на Движењето Беса, но многу е важно изворот секогаш да биде цитиран. Блискоста на некоја редакција или автор со третираниот субјект во текстот, нималку не го оправдува прекршувањето на оваа одредба и новинарско правило. Независно од личните убедувања, амбиции и желби, новинарот треба да известува без пристрасност и без емоции.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести