Рецензии

Насловот мора да се совпаѓа со текстот, а не да виси

на 22. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: (ФОТО) Македонските политичари во паника ги изнесуваат парите и златото надвор од државава!?]

  Текстот, во суштина, не би предизвикал поголемо внимание, да не е насловот. Написот навистина е едностран, затоа што само голо се преведени информации од српските портали, без притоа да има „додадена вредност“. Но, тоа што, сепак, го прави погоден за рецензија, е невистинитоста или недоволната аргументација за потврда на насловот. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Македонските политичари во паника ги изнесуваат парите и златото надвор од државава!? Датум и време на објавување: 18.04.2016 Датум на рецензирање: 22.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ – НАСЛОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА

Написот е преземен од некој од српските портали што објавија информација за запленети злато и евра на македонско-српската

Брзината ги убива веста и довербата

на 22. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: МВР ја наполни зградата на МРТ со оружје]

  Новинарите се потпираат на една од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите. Објективноста и избалансираноста се неопходни за да не се доведе во прашање точноста на информацијата, заради потребата од брзина. Да се биде прв. Таа особина е човечката слабост кај новинарите. Затое се вели дека методологијата е објективна, а не новинарот. Ова е особено, суштински важно, кога станува збор за информации што произлегуваат или се поврзани од настани во кризни ситуации, од конфликти и од војни. Никогаш не смее да се злоупотребуваат емоциите или чувствата на луѓето, нивниото незнаење или неспособност за расудување. Не смее да се заборави дека луѓето во состојба на шок

Сомнежите се бришат со факти, а не со коментари

на 20. 04. 2016 | | sq

Напис: Ексклузивно: Еве како движењето Беса манипулира со анкетите?!

Ексклузивно „Актпрес“ ви ја носи анкетата во која пред неколку денови се објави дека ДУИ е прва, а движењето Беса втора партија во албанскиот табор, додека другите партии се застапени во еден многу мал процент, а на прашалникот не се наоѓа никаде прашање за другите опозициски партии. Ова отвора сомнежи дека резултатите се надуени според желбата на нарачателите. Оваа анкета, според изворите што го доставиле овој материјал, е направена во различни региони (Скопје, Тетово, Кичево итн.) од страна на членови на движењето Беса и таканаречениот Опозициски совет. А анкетарите добиле информации дека анкетата е нарачана од Ким Мехмети и од движењето Беса. Се гледа јасно дека движењето Беса се факторизира себеси,

Еден Грк и „магија се стори“

на 20. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Грци во поддршка на насилните протести во Битола]

  Како „еден Грк“ да стане „Грци во подршка на насилните протести во Битола“? Едноставно: Земаш „еден Грк“, го мултиплицираш во „Грци“ и го ставаш во новинарска приказна во која ги додаваш сите други „мирудии“ за да ги увериш читателите дека Грција и нејзините граѓани се скриената сила зад протестите во Битола! Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Грци во поддршка на насилните протести во Битола Датум и време на објавување: 18.04.2016 Датум на рецензирање: 20.04.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

МУЛТИПЛИЦИРАЊЕ

„Грци во поддршка на насилните протести во Битола. Марвакис Атанасиос 54 годишен жител на Солун е најредовен на насилните протести кои ги организира лидерот на СДСМ, Зоран Заев во

Метро што балансира

на 20. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Протести и контрапротести]

  Оцената во јавноста дека во земјава третпат се одржуваат серија протести (првите беа зимата 2012/13 година, вторите пролетта 2015 година), кои се најмасовните досега и се одржуваат секој ден, очигледно, дел од медиумите сакаат да ја релативизираат. Имено, се оди на тоа дека се работи за собир на многу мал број лица. Во прилогот кој е предмет на оваа рецензија, таа квантификација е „половина-половина“  и наиде на бурни реакции меѓу антивладините демонстранти на скопските улици. Линк до оригиналниот напис: Протести и контрапротести
Датум и време на објавување: 19.04. 2016 – 15:57 Датум на рецензирање: 19.04.2016 Рецензент: Љубомир Костовски  

ВЕШТАЧКИ БАЛАНС

„Додека половина граѓани се спротиставуваат на политиките на власта, другата половина ги брани,

Партиската пропаганда не му прилега на новинарот!

на 20. 04. 2016 | | sq

Напис: По распишувањето на изборите, реформи на листите на ДУИ. По два мандати нема веќе кандидатура за пратеник

Откако беа распишани изборите за 5 јуни, Демократската унија за интеграција ќе почне длабоки реформи во составувањето на листите за пратеници. Како што дознава порталот „Тетова сот“ од внатрепартиски извори, Ахмети нема веќе да дозволи  трет мандат на пратениците. „Ниту еден кандидат кој бил пратеник повеќе од два мандати, нема да биде на листа, а има шанси и тие што биле еднаш, и кои не биле гласни и не зборувале никогаш на говорницата, да немаат шанси да седнат повторно на овие фотелји“, велат за „Тетова сот“ внатрепартиски извори. Пратениците што нема да можат да бидат повеќе на листите поради нивните мандати и

И сватот на Јанева во спинерска манџа

на 20. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица Јанева се посвати со висок функционер на СДСМ (ФОТО)]

  Написот е тенденциозен и во обландирана форма го наметнува ставот дека специјалната обвинителка е партиски обоена, обидувајќи се да фрли сенка врз нејзиниот професионален углед. Тој e објавен во сосема несоодветна категорија вести – „Македонија“. Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева се посвати со висок функционер на СДСМ (ФОТО)  Датум и време на објавување: 7.12. 2015, 15:26 Датум на рецензирање: 19.04.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

СПИНУВАНА ПРИВАТНОСТ

„Ќерката на Катица Јанева се омажи за син на висок функционер на СДСМ. Како што дознава ТВ НОВА, Емилија Јанева, ќерката на специјалната јавна обвинителка, пред неколку дена стапила во брак со Петар Поцков, синот на Сашо Поцков, кој од септември

Само од СМС-порака текст не бива

на 19. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Директор на јавно претпријатие со закани ги тера вработените на контрапротест во Скопје]

  Овој текст е едностран, а доказите и фактите презентирани во него се без цврста основа, што ја доведува во прашање неговата веродостојност. Tој се базира на една СМС-порака, при што целосно се игнорира втората страна во приказната. Линк на оригиналниот напис: Директор на јавно претпријатие со закани ги тера вработените на контрапротест во Скопје  Датум и време на објавување: 15.04.2016 Датум на рецензирање: 19.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

А ДА СЕ ПРАША ДИРЕКТОРОТ?

Уште во самиот наслов од текстот имаме сензационална информација, дека директор на јавно претпријатие им се заканувал на вработените и ги терал да дојдат на контрапротест во Скопје. Ова само по себе

Срамна и недолична објава

на 19. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: ГНАСНА БЕСРАМНА К…А!!! КАКО НЕ ТИ Е СРАМ БРЕ ПРОФЕСОРКА СИ П…А ЛИ ТИ М….А!!!]

  Оваа медиумска содржина врамена со навредлив наслов, натежнува од погрдни зборови и зрачи со нетрпеливост, па и омраза кон професорката Виолета Ачковска. Новинарот може да не се согласува со нечии ставови, но тоа не му дава право да дискредитира и да омаловажува. Тоа е прецизирано во преамбулата и во неколку членови на новинарскиот Кодекс: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите…, се вели во преамбулата.   Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или

Пропагандата никогаш не може да биде вест!

на 19. 04. 2016 | | sq

Напис: Се крши чаирска ДУИ, Беса се пробива силно!

Разгранокот на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“ во Чаир дадоа „Беса“. Вечерва Движењето Беса беше масовно пречекано во Чаир, а се основаа и месните совети (разграноците) на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“. За претседател на разгранокот на „Сами Фрашери“ беше избран економистот Ерхан Зубери, додека на „Братство единство“ – правникот Менсур Красниќи. На присутните им се  обрати и Беким Салиу, претседател на чаирскиот разгранок и член на централното раководство, Аднан Азизи и Блерим Сејдиу, а на крај присутните ги поздрави и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.  

[Рецензија : Се крши чаирска ДУИ, Беса се пробива силно!]

Новинарот треба да информира само врз основа на тоа што го