verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Метро што балансира

on 20 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

protesti

[Рецензија: Протести и контрапротести]

 

Оцената во јавноста дека во земјава третпат се одржуваат серија протести (првите беа зимата 2012/13 година, вторите пролетта 2015 година), кои се најмасовните досега и се одржуваат секој ден, очигледно, дел од медиумите сакаат да ја релативизираат. Имено, се оди на тоа дека се работи за собир на многу мал број лица. Во прилогот кој е предмет на оваа рецензија, таа квантификација е „половина-половина“  и наиде на бурни реакции меѓу антивладините демонстранти на скопските улици.

http___www.telma.com.mk_vesti_protesti-i-kontraprotestiЛинк до оригиналниот напис: Протести и контрапротести

Датум и време на објавување: 19.04. 2016 – 15:57

Датум на рецензирање: 19.04.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ВЕШТАЧКИ БАЛАНС

„Додека половина граѓани се спротиставуваат на политиките на власта, другата половина ги брани, политичарите потврдија дека ќе го фатат авионот за Виена каде ќе се разговара и ќе се преговара за решение за политичката криза.“ 

Прашањето на квантифицирањето на бројот на излезените демонстранти не е нова тема на спорења. Такви полемики, особено, се водеа во времето кога протестите  кај опозицијата ги организирале Бранко Црвенковски, а кај власта тогаш актуелниот премиер, а сега само лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Па, се јавуваа математичари, кои врз основа на свои формули пресметуваа колку имало луѓе на плоштадите – местата каде што се одржуваа митинзите.

Се разбира, дека тоа не е секогаш ниту најважно, ниту најпресудно. Лошо е, секако, неаргументирано да се извлекува некаква  пропорција. Но, лошо е и кога, како во овој прилог, се оди на некаков вештачки баланс, во смисла на изедначување на протестите и контрапротестите. Ако се сакало да се прави некаков коментаторски баланс – да не изгледа дека авторот „навива за некого“ – секако можеле да се користат други мерила (овие и оние, првите и другите…), кои би ја оцртале намерата за еквидистанца.

Ама „земањето метро“ во насока на барање симетричност, особено кога во илустрацијата на прилогот е видливо дека „кај едните и другите“, најнапред, има користење на различен број полицајци во заштита на одредени објекти. И кога самите опсервери на прилогот биле во можност да се уверат во бројноста на демонстрантите и на контрадемонстрантите, да се става квалификација „половина – половина“ не е добро и мириса на политикантство. А, во крајна линија, ја релативизира, па и девалвира масовноста на антивладиниот, пред сè, граѓански протест.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести