verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Брзината ги убива веста и довербата

on 22 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

lokalno

[Рецензија: МВР ја наполни зградата на МРТ со оружје]

 

Новинарите се потпираат на една од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите. Објективноста и избалансираноста се неопходни за да не се доведе во прашање точноста на информацијата, заради потребата од брзина. Да се биде прв. Таа особина е човечката слабост кај новинарите. Затое се вели дека методологијата е објективна, а не новинарот.

Ова е особено, суштински важно, кога станува збор за информации што произлегуваат или се поврзани од настани во кризни ситуации, од конфликти и од војни.

Никогаш не смее да се злоупотребуваат емоциите или чувствата на луѓето, нивниото незнаење или неспособност за расудување. Не смее да се заборави дека луѓето во состојба на шок или тага се многу поранливи. Вестите од вакви ситуации не смеат да бидат непотребно вознемирувачки.

Оттаму, реакциите предизвикани од оваа вест на социјалните мрежи го сврте вниманието на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“.

Првиот член од Кодексот на новинарите наложува:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации… Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.


04212016-Lokalno-Oruzje-vo-Линк до оригиналниот напис:
МВР ја наполни зградата на МРТ со оружје

Датум и време на објавување: 13.04.2016

Датум на рецензирање: 14.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

Но, што  се случило со оваа вест. Од човечката потреба за брзина, турната е настрана професионалната природа која наложува сериозна проверка на информациите и објавена е вест која е навистина вознемирувачка. Имено, тој ден во Скопје се одржаа два спротивставени масовни собири, а атмосферата постојано беше подгревана дека се можни и судири.

Во една таква атмосфера, пулбиката се соочи со веста што ја рецензираме и таа е навистина вознемирувачка.

Објавена е во 9 часот и 29 минути.

042223016-Lokalno-Oruzje-2Точно 60 минути подоцна, објавена е обновена вест, која е суштински поинаква од пораката што ја пренесе првата вест.

Дополнувањето во обновената вест соопшти дека се работело за рутинска постапка на Министерството за внатрешни работи и за стандардна безбедносна процедура за спроведување на опасни затвореници. Во конкретниот случај, стануваше збор за спроведување на притвореници за кумановските настани до судот.
Неточните информации мора да се исправат и тоа мора да се направи со извинување колку што е можно побргу.

Интервенцијата навистина беше направена. Но, штетата, во однос на професионалните стандарди, веќе беше направена, а граѓаните вознемирени.

Освен тоа, во коригираната вест исправката и суштината на информацијата беа само додадени како втор дел на старата информација. Тоа не е во ред. Вистинската постапка наложува прва да биде новата, точна информација, па дури потоа да следува старата со објаснување.

Проблем во обновенета вест е и насловот. Тој остана ист како и во првата верзија со додатокото на почетокот „Обновено“. Сепак, насловот не ја најави обновата (?!?).

Оваа рецензија заради целосен преглед, ги пренесува скриншотовите од двете верзии на рецензираната вест.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести