verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Партиската пропаганда не му прилега на новинарот!

on 20 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #131 - 'Pasi u shpallën zgjdhjet, reforma në listat e BDI-së_ Deputet jo nëse ke qenë dy mandate – Tetova Sot' - www_tetovasot

Напис: По распишувањето на изборите, реформи на листите на ДУИ. По два мандати нема веќе кандидатура за пратеник

Откако беа распишани изборите за 5 јуни, Демократската унија за интеграција ќе почне длабоки реформи во составувањето на листите за пратеници.

Како што дознава порталот „Тетова сот“ од внатрепартиски извори, Ахмети нема веќе да дозволи  трет мандат на пратениците. „Ниту еден кандидат кој бил пратеник повеќе од два мандати, нема да биде на листа, а има шанси и тие што биле еднаш, и кои не биле гласни и не зборувале никогаш на говорницата, да немаат шанси да седнат повторно на овие фотелји“, велат за „Тетова сот“ внатрепартиски извори.

Пратениците што нема да можат да бидат повеќе на листите поради нивните мандати и поради тоа што станале монотони се Џеват Адеми, Рафиз Халити и Ејуп Рустеми. Овие, како што велат партиски извори, 100 отсто нема да поминат низ филтерите на разграноците, а потоа и на претседателството, бидејќи ДУИ досега покажала дека е партија што ги почитува правилата на нејзиниот статут.

Листата на пратеници ќе биде едно одлично освежување што ќе се одрази и во отворањето на партијата, каде многу интелектуални фигури ќе имаат шанса да бидат дел од реформските процеси во ДУИ.

Со ова, како што велат овие извори, ДУИ ќе ја врати силната слика во електоратот и повторно ќе успее да победи на парламентарните извори што ќе се одржат на 5 јуни. /Тетова сот/

 

[Рецензија: По распишувањето на изборите, реформи на листите на ДУИ. По два мандати нема веќе кандидатура за пратеник]

Сè повеќе треба да ѝ напоменуваме на јавноста дека таа дава процена, а новинарот треба само да известува. Независно за какво прашање се известува, новинарот никогаш не треба да биде совладан од своите емоции и тие да влијаат на него, за потоа тој да известува еднострано и да заврши како пропагатор на една платформа, на еден политички субјект.

Во конкретниот случај станува збор за еден текст во кој се користи анонимна изјава, при што се повикува на внатрепартиски извор. Ова е сосема во ред! Новинарот има право да се повика на анонимни извори и да употреби внатрепартиски извори.

„Како што дознава порталот „Тетова сот“ од внатрепартиски извори, Ахмети нема веќе да дозволи  трет мандат на пратениците. „Ниту еден кандидат кој бил пратеник повеќе од два мандати, нема да биде на листа, а има шанси и тие што биле еднаш и кои не биле гласни и не зборувале никогаш на говорницата, да немаат шанси да седнат повторно на овие фотелји“, велат за „Тетова сот“ внатрепартиски извори.

Pasi u shpallën zgjdhjet reforma në listat e BDI së screenshotЛинк до оригиналниот напис: „По распишувањето на изборите, реформи на листите на ДУИ. По два мандати нема веќе кандидатура за пратеник”

Датум и време на објавување: 15.04.2016

Датум на рецензирање: 15.04.2016

Рецензент: Адриан Керими

Следниот пасус е класична пропаганда со елементи на коментар (позитивни), во прилог на еден субјект. Овде се забележува едностраност на новинарот и процена што тој нема право да ја даде. „Одлична свежина“ или други проценки или мислења од овој вид не се елементи или ставови што му прилегаат на новинарот кога пишува во секцијата за вести. За да му се овозможи вакво нешто на читателот и да ги процени „освежувањата“ во ДУИ, потребен е став од лидерот или и од потпаролот на партијата или други високи функционери, од познати политички аналитичари… Фактот дека новинарот во овој случај не побарал став од ниеден од горенаведените, подразбира дека тој навлегол во дејства надвор од правилата на професијата.

„Треба да биде јасно поделено кои се факти, а кои информации, и кои се коментари, претпоставки или ставови на авторот, за да се избегне дезинформирањето и манипулацијата со јавноста“.

„Секое комерцијално објавување, како и политичка пропаганда што не се точно одделени, се сметаат како тешки прекршувања на професионалните стандарди“.

„Под маскирано рекламирање се подразбираат сите пропагандни содржини, кои по нивната форма и начинот на подготвување личат на автентичкиот новинарски текст, така што читателот/гледачот не може да ја разликува неговата пропагандна функција од новинарската содржина.“

„Листата на пратеници ќе биде едно одлично освежување што ќе се одрази и во отворањето на партијата, каде многу интелектуални фигури ќе имаат шанса да бидат дел од реформските процеси во ДУИ.

Со ова, како што велат овие извори, ДУИ ќе ја врати силната слика во електоратот и повторно ќе успее да победи на парламентарните извори што ќе се одржат на 5 јуни. /Тетова сот/“

Освен текстот, што е пропаганден, како и тоа дека во мнозинството случаи новинарот наместо да го цитира внатрепартискиот извор, навел лични ставови како факти, и насловот е бесмислен. Секогаш треба да се држиме до фактот дека насловот треба да кореспондира со содржината на текстот, која треба да го сведочи тоа што е кажано во насловот, со факти, со сеопфатен пристап, а не со пофалби кон политичкиот субјект.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

Не се исклучува можноста

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести