verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насловот мора да се совпаѓа со текстот, а не да виси

on 22 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #135 - '(ФОТО) Македонските политичари во паника ги изнесуваат_' - reporter_mk_2016_04_18_фото-македонските-политичари-во-пани

 

[Рецензија: (ФОТО) Македонските политичари во паника ги изнесуваат парите и златото надвор од државава!?]

 

Текстот, во суштина, не би предизвикал поголемо внимание, да не е насловот. Написот навистина е едностран, затоа што само голо се преведени информации од српските портали, без притоа да има „додадена вредност“. Но, тоа што, сепак, го прави погоден за рецензија, е невистинитоста или недоволната аргументација за потврда на насловот.

carina zlato i evraЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) Македонските политичари во паника ги изнесуваат парите и златото надвор од државава!?

Датум и време на објавување: 18.04.2016

Датум на рецензирање: 22.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ – НАСЛОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА

Написот е преземен од некој од српските портали што објавија информација за запленети злато и евра на македонско-српската граница. При проверка низ српските медиуми, се заклучува дека преводот е од „Курир.рс“, само што во тој текст има чисто информативен наслов: „Плен: Царинците пронашле 99.000 евра и 47 пакети злато“. Во текстот што го рецензираме, насловот е редакциска интервенција: паушален, без аргументи и без никаква потврда за таквата шпекулација во текстот.

Нема никаква назнака дека станува збор за политичари, а информацијата се злоупотребува и се става во контекст на актулната политичка состојба во земјава.

Во написот, исто така, не може да се види дека се направени некави напори да се дознае нешто повеќе, да се истражи и, конечно, да се дојде до вистината.

Следните денови во српските медиуми немаше многу информации за овој случај, за разлика од македонските, кои ја „разработуваа“ приказната. Сепак, и тие информации беа врз база на шпекулации, без официјални извори и аргументи.

Материјалот што го рецензираме е илустриран со фотографија на која пишува дека е од „Танјуг“ и истата ја има во српските медиуми, но не е наведено дали е архивска или станува збор за фотографија од местот на настанот.

Во текстот може да се забележат прекршувања на неколку членови од Кодексот на новинари , меѓу кои, член 1 во кој стои:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Прекршен е и член 4:

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

Прекршен е и член 12, кој забранува плагијаторство и кој вели дека:

Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

Може да се заклучи дека текстот ја има првичната информација пренесена (преведена) од српски медиуми, без тоа да се нагласи. Тоа не е доволно за професионален текст, а прекршувањата на стандардите се видливи. Сепак, најголемата повреда е во насловот, кој е шпекулативен, без аргументација и го наведува читателот со непоткрепена информација на друг терен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести