verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сомнежите се бришат со факти, а не со коментари

on 20 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #133 - 'Esksluzive_ Ja si Lëvizja Besa manipulon me sondazhet_! (FOTO) I Aktpress_com' - aktpress_com_esksluzive-ja-si-levizja

Напис: Ексклузивно: Еве како движењето Беса манипулира со анкетите?!

Ексклузивно „Актпрес“ ви ја носи анкетата во која пред неколку денови се објави дека ДУИ е прва, а движењето Беса втора партија во албанскиот табор, додека другите партии се застапени во еден многу мал процент, а на прашалникот не се наоѓа никаде прашање за другите опозициски партии. Ова отвора сомнежи дека резултатите се надуени според желбата на нарачателите.

Оваа анкета, според изворите што го доставиле овој материјал, е направена во различни региони (Скопје, Тетово, Кичево итн.) од страна на членови на движењето Беса и таканаречениот Опозициски совет. А анкетарите добиле информации дека анкетата е нарачана од Ким Мехмети и од движењето Беса. Се гледа јасно дека движењето Беса се факторизира себеси, но истовремено ги елиминира и другите албански опозициски партии од можноста на коалицирање, каде попрво движењето Беса се гледа себеси во коалиција со ДУИ и со ДПА, отколку со опозициските партии. Од нивното внесување во прашалникот, движењето Беса е директен нарачател и за да не биде очигледно се ставила себеси како втора партија во албанскиот табор. Оваа анкета е извршена сега затоа што многу бргу ИРИ ќе ги извади резултатите, а таму Беса воопшто не стои добро. Се поставува прашањето зошто движењето Беса во нарачаната анкета не ги спомна НДП и ДР-ДПА, а извадиле имагинарни резултати, дали се плаши од високиот процент на овие две партии или на алијансата?

[Рецензија: Ексклузивно: Еве како движењето Беса манипулира со анкетите?!]

Сомнежите не се истакнуваат за да се фрли магла врз јавноста, туку за да се стигне до вистината. До вистината се стигнува преку сите сомнежи. Со коментари не се доаѓа до вистина, туку со убедливи аргументи, и тоа засновани на најмалку два или повеќе факти. Затоа, имајќи ја предвид мисијата на новинарството – да ѝ се открие вистината на јавноста, објавувањето на лични убедувања е надвор од сите професионални стандарди. Јавноста е во потрага по фактите, новинарот треба да ѝ ги пренесе, а коментарите остануваат на јавноста.

UntitledЛинк до оригиналниот напис: „Ексклузивно: Еве како Движењето Беса манипулира со анкетите?!

Датум и време на објавување: 11.03.2016

Датум на рецензирање: 13.04.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Новинарскиот производ што го рецензираме се обидува да ги пренесе коментарите како факти, без да се обиде во ниеден момент да ги потврди. Во тесктот нема обид да се потврдат сомнежите со некој експерт, истражувач на јавното мислење или политолог. Оваа содржина сомнежите ги покренува врз основа на изворот што им го доставил форматот на прашалникот за анкета.

„Ексклузивно „Актпрес“ ви ја носи анкетата во која пред неколку денови се објави дека ДУИ е прва, а движењето Беса втора партија во албанскиот табор, додека другите партии се застапени во еден многу мал процент, а на прашалникот не се наоѓа никаде прашање за другите опозициски партии. Ова отвора сомнежи дека резултатите се надуени според желбата на нарачателите.“

 

Наместо да се оди кон разјаснување на сомнежот, во текстот уште повеќе се оди кон нивно зголемување и се остава впечаток дека има цел намерна дезориентација на јавноста, а не обелоденување на вистината.

„Оваа анкета, според изворите што го доставиле овој материјал, е направена во различни региони (Скопје, Тетово, Кичево итн.), од страна на членови на движењето Беса и таканаречениот Опозициски совет. А анкетарите добиле информации дека анкетата е нарачана од Ким Мехмети и од движењето Беса.“

За жал, никаде во текстот немаме некое изјаснување од лицата што се обвинуваат дека ја нарачале анкетата и дека се обиделе да ја манипулираат јавноста. Со втората страна и со одговорот на обвиненијата, текстот ќе беше комплетен и на овој начин ќе ѝ се дадеше шанса на јавноста да даде свое мислење врз организирањето на анкетата, а не на самиот новинар, кој не треба да дава мислење, туку да ја претстави информацијата јасно, објективно и сеопфатно.

Првата обврска на новинарите е вистината. Едно новинарско начело вели: Новинарите не се во потрага по вистината на апсолутно филозофскиот начин, туку на практичкиот начин. Ова „новинарска вистина“ е еден процес што почнува со собирање и со верификација на фактите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

Нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести