verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Еден Грк и „магија се стори“

on 20 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

GRK

[Рецензија: ФОТО: Грци во поддршка на насилните протести во Битола]

 

Како „еден Грк“ да стане „Грци во подршка на насилните протести во Битола“? Едноставно: Земаш „еден Грк“, го мултиплицираш во „Грци“ и го ставаш во новинарска приказна во која ги додаваш сите други „мирудии“ за да ги увериш читателите дека Грција и нејзините граѓани се скриената сила зад протестите во Битола!

04202016-Netpres-GrciЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Грци во поддршка на насилните протести во Битола

Датум и време на објавување: 18.04.2016

Датум на рецензирање: 20.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

МУЛТИПЛИЦИРАЊЕ

„Грци во поддршка на насилните протести во Битола. Марвакис Атанасиос 54 годишен жител на Солун е најредовен на насилните протести кои ги организира лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Битола.“

Претходниот цитат (поднасловот на текстот) го илустрира волшебниот потег со кој „еден Грк“ станува „Грци“. Сега, за другите „мирудии“, само колку да докажеме дека тоа не е професионално и високостандардно новинарство.

Сосема е јасна, дури и провидна мотивацијата и намерата за оваа приказна. Толку е провидна што е апсолутно неуверлива. Смешно е.

Освен овој „грев“ на посочениот граѓанин на нашата соседна земја, собрале сè што можеле да соберат за него: и дека е социјалист, и дека е поддржувач на поранешниот министер за финансии на Грција, Варуфакис, и, на крајот, дека е симпатизер на ЛГБТ-заедницата.

Кога веќе му посветиле внимание на човекот, го следеле, знаеле што јаде и пие, тогаш можеле и да му се обратат и да го прашаат за неговите мотиви да биде тука и во поворката со битолчани кои деновиве излегоа на протест.

Не само што ќе ја имаа втората страна, туку ќе имаа и шанса да извлечат уште повеќе информации за, наводната, улога на Грците и на Грција во актуелните настани во земјата.

Само што сето тоа не е новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести