verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Срамна и недолична објава

on 19 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ackovska

[Рецензија: ГНАСНА БЕСРАМНА К…А!!! КАКО НЕ ТИ Е СРАМ БРЕ ПРОФЕСОРКА СИ П…А ЛИ ТИ М….А!!!]

 

Оваа медиумска содржина врамена со навредлив наслов, натежнува од погрдни зборови и зрачи со нетрпеливост, па и омраза кон професорката Виолета Ачковска. Новинарот може да не се согласува со нечии ставови, но тоа не му дава право да дискредитира и да омаловажува. Тоа е прецизирано во преамбулата и во неколку членови на новинарскиот Кодекс:

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите…, се вели во преамбулата.

 

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…), стои во членот 10 од Кодексот.

 

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста, гласи членот 15 од Кодексот.

 

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности…, посочува членот 16 од Кодексот.

Датум и време на објавување: 17.04.2016

Датум на рецензија: 19.04.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА НЕВКУС

Оваа објава се повикува на коментар на професораката Ачковска на „Фејсбук“ и потоа истура грст навреди на нејзина адреса. Ваквиот начин на пишување и на пласирање на информациите се коси со принципите утврдени во Кодексот на новинарите и во Прирачникот за етиката во новинарството . Па, наспроти стандардите на етички исправното новинарство кои подразбираат дека  „јазикот на новинарите секогаш треба да биде одмерен и неутрален, наспроти оној што нуди готови заклучоци и судови и е, или се граничи со говорот на омраза“, содржината пред нас им се обраќа на читателите со еден исклучително недоличен тон:

„Гледајте што лупета оваа гнасна калаштура, членката на ГДОМ, професорката на УКИМ, институт по историја, Виолета Ачковска…“

Метријалот е полн со изрази кои во себе носат шовинистички и сексистички изрази, што е во спротивност со препораките искажани во Прирачникот за етика во новинарството, каде недвосмислено се укажува дека секогаш треба да се избегнуваат фрази кои во себе носат шовинистички, сексистички или какви било други дискриминаторски конотации. 

„Па 10 години се на власт што не отворија процеси против приватизацијата?! Како тоа ќе се одговарало по избори, а пред избори нели важат законите?! Врховен командант и он се знае ние треба да му се покориме?! Како бре не ти е срам К…О ЕДНА БЕСРАМНА?!?! КАКО?! ПРОФЕСОРКА СИ БРЕ ИЛИ К…А КАМЕЊАРКА?!?!“

Објавата што ја рецензираме, фактички нема содржина. Таа се состои од фејсбук-статус и од четири реда напишани со навредлив, приземен речник, кој е олицетворение на невкус. Видливо е дека намерно е употребен таков речник со елементи на дискриминација и говор на омраза. А таквиот начин на изразување и на комуникација со јавноста, се разбира, не е новинарство!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести