Рецензии

Милоста на Иванов била само за Заев и за Верушевски!

на 14. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Граѓаните бараат Заев, Верушевски и креаторите на кризата да одговараат]

  Текстот еднострано  ја прикажува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, со која се прекинуваат сите кривични постапки против политичари од власта и од опозицијата, а кои се поврзани со политичката криза и со прислушувањето, како да е донесена само во интерес на Зоран Заев и на Зоран Верушевски. Во написот ја нема втората страна на приказната, односно ставот на лидерот на опозицијата, кој на прес-конференција соопшти дека не се согласува со одлуката на Иванов и побара оставка од него. Линк до оригиналниот наслов: ФОТО: Граѓаните бараат Заев, Верушевски и креаторите на кризата да одговараат Датум и време на објавување: 12.04.2016 Датум на рецензија: 13.04.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

Нема шизик без ризик

на 14. 04. 2016 | |
[Рецензија: Одлуката на Иванов била детално договарана?] Што е спорно во овој текст? Анонимниот извор од ВМРО-ДПМНЕ. Иако не се исклучени како легитимни извори во новинарството, лекциите велат вакви извори да се користат само во исклучителни ситуации и тоагш кога се исцрпени сите можности и убедувања изворот да зборува со име и со презиме. Две причини, како исклучок, го потврдуваат ова правило. Прво, одете и убедете некој од една крајно контролирана партиска структура да зборува јавно. Невозможно. Второ, имаме пред нас медиум кој заради својата репутација и заради својот углед никогаш нема да дозволи анонимниот извор да биде виртуелен, измислен. Можам да тврдам дека уредниците на медиумот инсистирале да знаат кој е анонимниот извор и да биде „ковертиран“. Такви се

Вест без основа и без структура

на 14. 04. 2016 | | sq

Напис: Другар со внукот на Али Ахмети, СВЕЖ и НОВ министер! (Фото)

Имињата на новите министри на ДУИ не ја збуниле само јавноста, туку и самите партиски структури. Сите се прашале од каде излегоа овие имиња кои порано биле малку познати и дури и воопшто непознати на партиски активности. Меѓутоа, откако поминале 24 часа од нивното предлагање, многу високи активисти на ДУИ забележале еден интересен детаљ, мнозината нови министри се блиски пријатели на Бујар Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети (заедно на фотографија). Ова го зголемило уште повеќе револтот во ДУИ кај еден дел од партиските структури, што почнале да се прашуваат дали е поважно да дадеш придонес за ДУИ или да си другар на Бујар Ахмети, пренесува

Дегутантно жолтило

на 14. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Дали Филип Петровски навечер во Архивот носи млади вмровки на третмани???]

  Објава што се сведува на префиксот „не“. Непроверен, неиздржан, несоодветен, непрофесионален, недоличен и, секако, неновинарски напис.  Линк до оригиналниот напис: Дали Филип Петровски навечер во Архивот носи млади вмровки на третмани???  Датум и време на објавување: 08.04.2016  Датум на рецензирање: 12.04.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

НЕПРОФЕСИОНАЛНО, НЕДОЛИЧНО, НЕНОВИНАРСКИ

Рекла-кажала е слаба фраза за да се опише оваа медиумска содржина. Повеќе наликува на личен анимозитет, несоодветно канализиран во нешто што требало да изгледа како новинарски производ, ама завршило како таблоидно блуење. Навистина, мерењето нечија машкост, и тоа описно, во сантиметри, ама баш ич не е критериум што треба да задоволи кое било четиво. Јавните пресметки од ваков тип,

„Ексклузивно“: Чаршиски муабет!

на 14. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Ексклузивно: Груевски и Чавков подготвуваат апсење на Заев и други лица од опозицијата]

  Ми се сонило нешто, па чекај да го раскажам и да го пласирам како ексклузивна вест. Што друго може да се каже за овој напис? Тој нема никаква веродостојност, само сензационалност. Линк на оригиналниот напис: Ексклузивно: Груевски и Чавков подготвуваат апсење на Заев и други лица од опозицијата Датум и време на објавување: 08.04.2016 Датум на рецензирање: 13.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

„ЕКСКЛУЗИВКАТА“ ТРГНАТА ОД ВЕБ-СТРАНИЦАТА

Насловот на текстот е навистина сензационален и ве наведува веднаш да кликнете на него и да прочитате за што станува збор. Но, кога ќе го отворите текстот, всушност, гледате дека се работи за чаршиски муабет, поткрепен со формулацијата „дознава

Текст преполн со сексизам и со дискриминација

на 12. 04. 2016 | | sq
     

[Рецензија: Mесто во Кавадарци грозје да бере она дошла у Влада да сиса]

  Текстот е навредлив, сексистички, врши полова и социјална дискриминација, етикетира, генерализира… Тој е целосно спротивен со принципите утврдени во Кодексот на новинарите и во Прирачникот за етика во новинарството. Профилот на рубриката „живот“,  каде што е објавена оваа „вест“ и каде што се пласираат содржини со полежерен  стил, ни најмалку не ја намалува професионалната одговорност, бидејќи во новинраството постојат стандарди што мора да се почитуваат, независно од типот на информацијата што се соопштува во јавноста. Линк до оригиналниот напис: Mесто во Кавадарци грозје да бере она дошла у Влада да сиса Датум и време на објавување: 10.04.2016 Датум на рецензирање: 12.12.2016 Рецензент: Димитар

Избирачкиот список што бил чист, сè уште се прочистува

на 12. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Избирачкиот список е чист, Заев со сите сили се обидува да ги блокира изборите]

Текстот што го рецензираме го разобличува целиот процес и механизми според кој функционират медиумите блиски до власта, кои, диригирани од еден центар, оркестирирано ги убедуваат граѓаните дека избирачкиот список е чист и дека на избори може да се оди уште „утре“. Ама, ете, опозицијата „која и така ќе ги загуби“ овие избори, „влече рачна кочница“.
Уште во самиот наслов, „Избирачкиот список е чист, Заев со сите сили се обидува да ги блокира изборите“, е напишана невистина затоа што и самата ДИК повторува дека повеќе од половина сомнителни гласачи пак ќе се проверуват. Линк до оригиналниот напис: Избирачкиот список е чист, Заев со сите сили се

Неетичко известување

на 12. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес]

  Наспроти препораките за етичко известување кои сугерираат добро да се процени дали воопшто треба да се информира за некое самоубиство, особено ако не се работи за јавна личност, практиката кај нас го покажува токму спротивното: најбрзо што може се објавуваат такви информации и тоа на сосема погрешен начин. Таков е примерот со оваа објава, напишана во сензационалистички манир, која уште во насловот соопштува дека „Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес“. Во текстот, пак, нема потврда дека се работи за самоубиство. Линк до оригиналниот напис: Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес Датум и време на објавување: 09.04.2016, 15:19 Датум на рецензирање: 12.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ

Ноторна лага во насловот

на 12. 04. 2016 | |

[Рецензија: ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ: Даниелсон вели дека медиумите имаат клучна улога]

Веста објавена по повод доаѓањето на првиот човек на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, што е предмет на оваа рецензија, навидум е комплетна во однос на она што се очекува од неа. Читателот кој не користи други медиуми, за да има паралелни сознанија или, пак, нема време тоа да го прави, врз основа на структурата на веста и на сознанијата што таа ги нуди и како што ги нуди, би поверувал во вистинитоста на истата. Инаку, веста не кажува дека Даниелсон даде само една изјава за време на целата посета, која беше куса и во која  се дадени неговите очекувања во однос на „денот

Експертски славопојки: 3-0 за владејачката партија

на 12. 04. 2016 | |

[Рецензија: Експертите анализираат: ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата на народот, а СДСМ добива само ако не излезе на избори]

  Што се добива кога ќе се измешаат анкета спроведена од институт во „крвно сродство“ со владејачката партија и „експертски“ мислења од луѓе кои или се дел или се блиску поврзани со владејачката партија? Нормално, славопојка за власта.  Линк до оригиналниот напис: Експертите анализираат: ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата на народот, а СДСМ добива само ако не излезе на избори Датум и време на објавување: 09.04.2016, 17:57  Датум на рецензирање: 10.04.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 ФАЛБИ, ФАЛБИ И САМО ФАЛБИ

Фабричка маана и тоа непоправлива. Дефектот не го отстранува ниту „сериско отповикување од производителот“. Едноставно кажано, едностраноста и пристрасноста се толку навлезени во сржта