Милоста на Иванов била само за Заев и за Верушевски!
Објавено во Рецензии
on 14 - 04 - 2016 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: ФОТО: Граѓаните бараат Заев, Верушевски и креаторите на кризата да одговараат]
Текстот еднострано ја прикажува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, со која се прекинуваат сите кривични постапки против политичари од власта и од опозицијата, а кои се поврзани со политичката криза и со прислушувањето, како да е донесена само во интерес на Зоран Заев и на Зоран Верушевски. Во написот ја нема втората страна на приказната, односно ставот на лидерот на опозицијата, кој на прес-конференција соопшти дека не се согласува со одлуката на Иванов и побара оставка од него.
Линк до оригиналниот наслов: ФОТО: Граѓаните бараат Заев, Верушевски и креаторите на кризата да одговараат
Датум и време на објавување: 12.04.2016
Датум на рецензија: 13.04.2016
Рецензент: Силвана Жежова
ИЗВИТОПЕРЕНА СЛИКА
Овој наменски скроен материјал, врамен со тенденциозен наслов, фокусот на одлуката на Иванов го става на Заев и на Верушевски, без воопшто да спомене дека таа опфаќа и високи функционери од владејачката партија, вклучувајќи го и нејзиниот лидер. Впечаток е дека текстот се затскрива зад наводното незадоволство на граѓаните што протестираа пред седиштето на СДСМ и со задоволство ги квалификува Заев и Верушевски како „криминалци“:
„Граѓаните велат дека се незадоволни од одлуката за помилување на криминалците Зоран Заев и Зоран Верушевски додавајќи дека се собрани за да ја бранат државата.За граѓаните е неприфатливо по втор пат двајцата да бегаат од лицето на правдата и да го избегнуваат законот.“
Во написот се посочуваат само делата за кои Заев и Верушевски се обвинети, а нема ниту збор за предметите „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“, „Пуч“, кои се во надлежност на Специјалното јавно обвинителство, а во кои осомничени се поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, како и поранешниот прв човек на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков.
„Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување.“
При изработката на текстот не е обезбедена „професионална дистанца од политичките субјекти“, онака како што налага членот 14 од новинарскиот Кодекс. Написот е така конструиран и пласиран што едноставно натежнува од пристрасност кон пратијата на власт.
Ова манипулативно четиво нема идеја да ја прикаже вистината, туку да ја извитопери. Притоа, целосно ја извртува суштината на одлуката на претседателот, која предизвика бура реакции во домашната и во меѓународната јавност и за која се прогнозира дека ќе направи огромна штета на правниот систем и ќе го стави под прашалник владеењето на правото во земјата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови