verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема шизик без ризик

on 14 - 04 - 2016       

wwwdwcommk

[Рецензија: Одлуката на Иванов била детално договарана?]

Што е спорно во овој текст? Анонимниот извор од ВМРО-ДПМНЕ. Иако не се исклучени како легитимни извори во новинарството, лекциите велат вакви извори да се користат само во исклучителни ситуации и тоагш кога се исцрпени сите можности и убедувања изворот да зборува со име и со презиме.

Две причини, како исклучок, го потврдуваат ова правило. Прво, одете и убедете некој од една крајно контролирана партиска структура да зборува јавно. Невозможно. Второ, имаме пред нас медиум кој заради својата репутација и заради својот углед никогаш нема да дозволи анонимниот извор да биде виртуелен, измислен. Можам да тврдам дека уредниците на медиумот инсистирале да знаат кој е анонимниот извор и да биде „ковертиран“. Такви се правилата кај големите, веродостојни медиуми.

И, има и трето: Авторката на овој текст е долгогодишна новинарка и повеќепати била уредник и главен уредник, а бездруго има своја мрежа на соработници на места каде што е тоа неопходно за да се биде најблиску до информацијата. Така работат добрите професионалци.

wwwdwcommkЛинк до оригиналниот напис: Одлуката на Иванов била детално договарана?

Датум и време на објавување: 13.04.2016

Датум на рецензирање: 14.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

(НЕ)САМОСТОЈНОСТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Оттаму, сторијата што е пред нас, иако нејзината теза се гради на анонимен извор, можеме да ја земеме со прилична сигурност.

Вусшност, кога станува збор за проверка на фактите, постои и нешто што доаѓа како сознание и од, во овој случај, политичките околности од кои искусен новинар и читател може да извлече хипотези за веродостојноста и за развојот на настаните.

Еве, земете ја првата, толку очигледна констелација: Дали можете да претпоставите таква самостојност на актуелниот претседател на Република Македонија, имајќи го предвид стилот на владеење на партијата која ја предводи власта? Иако е тоа теориски можно, реалноста, која е секогаш предмет на анализа на искусните новинари, не може никако да го потврди тоа. Тоа е невозможно.

Погледнете го однесувањето на партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е токму такво, какво што пишува во овој текст новинарката: „Од една страна ќе останеме на приказната дека сме фрапирани, а од друга страна ќе ги туркаме нашите следбеници експерти и народ во протести против одлуката“.

Тоа е констелацијата во која добрите и искусни новинари донесуваат вакви одлуки: да се пишува или не со анонимни извори.

На некои од читателите, секако, им останува да имаат резерви, а на сите заедно ни останува времето кое ќе потврди или негира. Ризично, но и тоа се ситуации со кои се соочуваат новинарите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

Прашува

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести