verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст преполн со сексизам и со дискриминација

on 12 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

- http___www.dokaz.mk_mesto-vo-kavad

 

 

[Рецензија: Mесто во Кавадарци грозје да бере она дошла у Влада да сиса]

 

Текстот е навредлив, сексистички, врши полова и социјална дискриминација, етикетира, генерализира… Тој е целосно спротивен со принципите утврдени во Кодексот на новинарите и во Прирачникот за етика во новинарството. Профилот на рубриката „живот“,  каде што е објавена оваа „вест“ и каде што се пласираат содржини со полежерен  стил, ни најмалку не ја намалува професионалната одговорност, бидејќи во новинраството постојат стандарди што мора да се почитуваат, независно од типот на информацијата што се соопштува во јавноста.

Доказ.Мк Mесто во Кавадарци грозје да бере она дошла у Влада да сисаЛинк до оригиналниот напис: Mесто во Кавадарци грозје да бере она дошла у Влада да сиса

Датум и време на објавување: 10.04.2016

Датум на рецензирање: 12.12.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ЗЛОУПОТРЕБА НА НОВИНАРСТВОТО

„Надица Тодоров Андреев е од Кавадарци го заменила селото и по партиска или хмм друга линија сеа во Скопје е, поточно од партија ја мушнале у Секретаријат за европски прашања иако ние мислиме по други прашања ја стаиле ама ај, колегите викаат и фалело скопски навики, знаете она поредовна лична хигиена, ама ние мислиме дека се само злобни затоа што од провинција дошла и напредува граби, и гази и се слика со началници, премиери, претседатели, е не вие ќе се сликате, бе!“

Ова повеќе наликува на објава на социјалните мрежи, отколку на вест. Во „написот“ не се изнесуваат факти, туку само сексистички ставови кои имаат цел да ја дискредитираат личноста за која се пишува. Тој има навредлива интонација и тоа се забележува уште од самиот наслов, кој е вулгарен и сексистички.

Освен полова дискриминација, оваа содржина дискриминира и врз основа на социјалното потекло, говори со понижување и со омаловажување, а се забележува личен анимозитет, дури и омраза кон споменатата личност.

Целиот „текст“, инаку, има само шест реда. Составен е од две реченици, кои се така конструирани што укажуваат на сериозен проблем, како со стилот и со правилата на новинарското изразување, така и со правописот и со граматиката на македонскиот стандарден јазик.

Речникот што се користи е исклучително недоличен и сексистички. Особено навредливо прозвучува пораката на крајот од „веста“, која претставува врв на беозбразие, дрскост и примитивизам:

„Како беше вицот, чао сељации нема више п..ке џабе омужи се Лина за лекара и ојде у големото село…“

Манирот во кој е напишан и пласиран овој материјал покажува дека се прекршени дури седум членови од Кодексот на новинарите, кои налагаат професионализам и почитување на етичките вредности при обработката и при пренесувањето на информациите.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. (Член 1)

 

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. (Член 7)

 

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).(Член 10)

 

Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните и на религиозните различности во Македонија.(Член 11)

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.(Член 13)

 

Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. (Член 15)

 

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.(Член 16)

Ваквите текстови, полни навредлив говор, етикетирање, дискриминирање и омраза, не служат за информирање на јавноста, туку повеќе наликуваат на лична одмазда и злоупотреба на новинарската професија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација, социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести