verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ноторна лага во насловот

on 12 - 04 - 2016       

ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУН_ - http___www.telegraf.mk_aktuelno_ma

[Рецензија: ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ: Даниелсон вели дека медиумите имаат клучна улога]

Веста објавена по повод доаѓањето на првиот човек на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, што е предмет на оваа рецензија, навидум е комплетна во однос на она што се очекува од неа. Читателот кој не користи други медиуми, за да има паралелни сознанија или, пак, нема време тоа да го прави, врз основа на структурата на веста и на сознанијата што таа ги нуди и како што ги нуди, би поверувал во вистинитоста на истата.

Инаку, веста не кажува дека Даниелсон даде само една изјава за време на целата посета, која беше куса и во која  се дадени неговите очекувања во однос на „денот Д“ за македонската разврска.

ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУН_ - http___www.telegraf.mk_aktuelno_maЛинк до оригиналниот напис: ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ: Даниелсон вели дека медиумите имаат клучна улога

Датум и време на објавување: 5.4.2016 – 15:45

Датум на рецензирање: 11.04.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

А КОГА ДАНИЕЛСОН СПОМЕНА ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ?

„Побарав сите институции да ја поддржат работата на ДИК во прочистувањето на Избирачкиот список за да се врати довербата кај граѓаните. Веродостоен и добар изборен процес е клучен елемент за да се вратите на патот на евроатлантскиот пат. Медиумите играат клучна улога, а граѓаните за да бидат информирани треба да имаат пристап до балансирано известување и различноста на партиските ставови“, изјави Даниелсон.

Оваа изјава во целина веројатно не ги задоволи тие што не навикнале на дипломатскиот речник во комуникацијата со јавноста. Но, таа е таква каква што е дадена, па секое толкување во пренесувањето би ја оптоварило. За да не цитираме сè што кажа Даниелсон, веднаш да речеме дека веста во еден сегмент содржи ноторна лага и тоа во насловот. Навистина, лагата е измешана со дел кој е вистинит, можеби, „за да не се забележи“. Фактички, Даниелсон не спомена ниту еднаш каква било бројка, а камо ли датум!

„Директорот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон, ден пред распуштањето на парламентот дојде во Македонија, според очекувањата, за да пресече дали има услови за избори или не на 5 јуни, но дилемата остана и по неговата изјава“, напиша, на пример, еден дневен весник.

Со ваквото „натурање“ на нечиј интерес и внесување на констатација дека изборите може да се одржат во предвидениот термин, на најдрзок начин се злоупотребува гостинот и неговата функција. Тоа е манипулирање на јавноста од најдолен вид!

За да не толкуваме, ќе ве повикаме да го проверите кажаното во архивата на една телевизија. И во овој прилог може да се види дека не бил кажан никаков датум:

„Високиот функционер на Европската комисија не го спомена 5 јуни како датум кога ќе се одржат изборите, ниту одговараше на новинарски прашања.“

Во однос на прашањето на медиумите, пак,  Даниелсон е далеку попрецизен, а тоа, веројатно, некому не одговарало.

„Пораката на Брисел до медиумите, а особено јавниот сервис е балансирано да известуваат…“

Тоа е апел, а не констатација. Оваа вест, на пример, го исфрлува делот кој се однесува до јавниот радиодифузер. Тешко е за верување дека тоа е случајност, напротив сите елементи укажуваат дека при пласирањето на информацијата намерно е направена таква селекција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести