verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неетичко известување

on 12 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

veles

[Рецензија: Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес]

 

Наспроти препораките за етичко известување кои сугерираат добро да се процени дали воопшто треба да се информира за некое самоубиство, особено ако не се работи за јавна личност, практиката кај нас го покажува токму спротивното: најбрзо што може се објавуваат такви информации и тоа на сосема погрешен начин.

Таков е примерот со оваа објава, напишана во сензационалистички манир, која уште во насловот соопштува дека „Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес“. Во текстот, пак, нема потврда дека се работи за самоубиство.

samoubistvo a1Линк до оригиналниот напис: Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес

Датум и време на објавување: 09.04.2016, 15:19

Датум на рецензирање: 12.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ

Во Прирачникот за етика во новинарството има цело поглавје Упатства за известување за самоубиство, бидејќи е проценето дека се работи за мошне важна и чувствителна тема, која треба да се уреди за да се запазат принципите на професионалност и на етика во новинарството. Повикувајќи се на светски искуства, Прирачникот укажува дека:

Во светот е усвоена пракса за самоубиствата генерално, а особено за анонимните луѓе речиси воопшто и не се пишува. Ако тоа сепак се прави, темата се третира со изразено сочувство и дискреција, медиумот не смее да го објави полниот идентитет, а уште помалку сликата на жртвата.

Текстот кој, инаку, се повикува на државната информативна агенција (но, не става линк), е контрадикторен со насловот. Во насловот се тврди дека маж се фрлил, за во последниот пасус да се забележи дека, тоа, сепак, ќе го утврди полицијата:

„Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска изјави дека екипа на велешката полиција излегла на лице место за да утврди дали лицето само скокнало или било насилно фрлено, односно за тоа како дошло до немилиот настан.“

Како треба да изгледа еден новинарски текст ако се работи за самоубиство, одговор има дадено експертот за човекови права, м-р Жарко Трајановски, во анализите Како (не) треба да се известува за самоубиство:

„Воздржете се од сензационализам! Но, наместо потпирање првенствено на полициски извори и на статистики, етичка обврска на новинар(к)ите е да известуваат за самоубиството како здравствен проблем, доведувајќи ги под прашање официјалните податоци на МВР.

Во оние случаи каде одредено самоубиство отвора прашање од јавен интерес, известувачите не треба да се потпираат на „традиционалните“ извори (МВР, членови на семејството кои се во шок, чаршијата…), туку на релевантни извори кои се упатени во оваа здравствена проблематика. На пример, во известувањата за самоубиства генерално многу ретко се користат како извори здравствени експерти за судска медицина или податоци од официјални здравствени институции надлежни за оваа проблематика, како што се, на пример, Клиниката за психијатрија, Институтот за судска медицина, Институтот за јавно здравје, итн.“

Текстовите за „самоубиства“ секако дека привлекуваат внимание и се читани, но тоа не значи дека по секоја цена мора да ги има. Трката за што повеќе кликнувања не смее да биде поважна од почитувањето на етичките и на професионални стандарди.

Untitled


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести