verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Експертски славопојки: 3-0 за владејачката партија

on 12 - 04 - 2016       

Експертите анализираат_ ВМРО-ДПМНЕ ja доби довербата _ - http___republika.mk_

[Рецензија: Експертите анализираат: ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата на народот, а СДСМ добива само ако не излезе на избори]

 

Што се добива кога ќе се измешаат анкета спроведена од институт во „крвно сродство“ со владејачката партија и „експертски“ мислења од луѓе кои или се дел или се блиску поврзани со владејачката партија? Нормално, славопојка за власта.

 11111Линк до оригиналниот напис: Експертите анализираат: ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата на народот, а СДСМ добива само ако не излезе на избори

Датум и време на објавување: 09.04.2016, 17:57

 Датум на рецензирање: 10.04.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ФАЛБИ, ФАЛБИ И САМО ФАЛБИ

Фабричка маана и тоа непоправлива. Дефектот не го отстранува ниту „сериско отповикување од производителот“. Едноставно кажано, едностраноста и пристрасноста се толку навлезени во сржта на материјалот што ако се обидете да ги отстраните, и тоа по хируршки пат, ќе добиете гола нула. Токму така, целта на текстот е да биде необјективен и да ја прикаже само едната верзија на приказната, онаа што ја сервира владејачката партија. Затоа и пристапот е таков.

Се тргнува од информација за резулатите од истражување на јавното мислење спроведено од институт, кој во најмала рака важи за организација што функционира само во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. На тие податоци потоа се „накалемуваат“ ставови на луѓе кои се претставуваат како експерти.

За појаснување, еден од тројцата т.н. експерти, бил пратеник во Собранието на РМ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот човек својата партија, која сериозно киксна на изборите во 2011 година, подоцна ја припои кон ВМРО-ДПМНЕ. Тој човек во моментот ја извршува функцијата директор на Државниот архив. Значи, тој е сè само не веродостоен и објективен експерт во ситуација кога треба да се анализира политичката ситуација и односот меѓу власта и опозицијата.

Вториот „експерт“ е универзитетски професор, редовен јавен поддржувач на политиките на власта, а од неодамна и тазе член на Комисијата за заштита од дискриминација. Чинот на неговото назначување опозицијата го поврза токму со одбраната на ВМРО-ДПМНЕ при објавувањето на т.н. „бомби“.

Третата експертка во написот, исто така, е универзитетска професорка со долг стаж, која во последниот период е повеќе од ревносна во позитивното оценување на чекорите на власта, наспроти тие на опозицијата. Од неодамна таа е и претставник на Македонија во Венецијанската комисија.

Ај што биле малку тројца „независни“ експерти, па биле искористени и анонимни „познавачи“ надградени со „пригодни“ коментари:

„Познавачите на состојбите велат дека на раководството на СДСМ му е сосема јасно дека освен што сега има катастрофален рејтинг, довербата која граѓаните ја имаат во нив дополнително ќе се намалува. Наводната борба за слобода на СДСМ нема да го крене рејтингот на опозицијата затоа што во очите на граѓаните тоа е негативна кампања.“

 

„Според експертите, ваквиот резултат на анкетите се должи и на разочарувањето кај граѓаните од делувањето на министрите на СДСМ кои не реализираа ниту еден проект.“

Голи фалби, крајна необјективност и пропагандистички пристап.

„Експертски“,  3-0 за владејачката партија, нема што!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести