verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без втората страна веста е нецелосна

on 12 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 FireShot Screen Capture #115 - 'Çfarë di Fatmir Limani për Qufën që ai aq shumë i frikësohet_! I AKTUALE_MK' - www_aktuale_mk_cfare-di-fatmir-limani-p

Напис: Што знае Фатмир Лимани за Ќуфа што тој толку многу му се плаши?!

На вечерашната дебата во „Клик плус“, на која учествуваа претставникот на ДУИ, Фатмир Лимани, на Здружението на воените ветерани на ОНА, Бесим Хода, претставникот на ДР-ДПА, Дугаѓин Османи, како и аналитичарот Арсим Синани, не беше присутен претставникот на „Унитети“, Зулфи Адили-Ќуфа, кој пратеничкиот мандат го доби како претставник на ДУИ.

Ова е вторпат што Ќуфа избегнува да дебатира со Фатмир Лимани, односно, првиот пат во „Алсат-М“, а сега и во „Клик плус“.

Значи, и во двете емисии во кои дознава дека ќе присуствува Фатмир Лимани, и дека ќе треба да се соочи со него, Ќуфа го откажува своето присуство со образложение дека има некакви обврски, известува „Актуале“.

[Рецензија: Што знае Фатмир Лимани за Ќуфа што тој толку многу му се плаши?!]

За да придонесе во дебатата, новинарoт поставува прашања во јавноста, но тие не смеат да се употребат за да се збуни или да се дефокусира јавноста, туку за да се разјаснат сите нејасни прашања. Меѓутоа, за да се разјаснат дискутабилните прашања, треба да се вклучени сите страни.

download (2)Линк до оригиналниот напис: „Што знае Фатмир Лимани за Ќуфа што тој толку многу му се плаши?!

Датум и време на објавување: 31.03.2016

Датум на рецензирање: 05.04.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Новинарскиот производ што го рецензираме почнува со насловот: „Што знае Фатмир Лимани за Ќуфа што тој толку многу се плаши?!“. Прашање, чиј одговор не може да се најде никаде во текстот. И, наместо содржината да даде одговор на прашањето во насловот, се продолжува без да се направи тоа.

„Тогаш прашањето е: Што знае Фатмир Лимани за Адил што тој толку многу му се плаши?!“

Почнувајќи и завршувајќи го текстот со прашање, содржината сведочи дека целта не била објективното информирање на јавноста, туку дезориентација. За истакнатото прашање во текстот, новинарот можел многу лесно да побара изјаснување и да ја вклучи странaта што ја обвинува за отсуство од дебатата. Веста ќе беше целосна доколку имавме изјаснување од лицето чие име се спомнува во текстот, но не е повикано или контактирано за објаснување.  Според Етичкиот кодекс на новинарите:

Тие што биле предмет на напад или критика треба да имаат можност да одговорат пред да се објави трудот и доколку ова се случи и одговорот доаѓа по објавувањето, тој треба да биде објавен на разумно издание, поврзано со предметот и на коректен начин.

Па, наместо личните ставови за неприсутноста на споменатиот политичар во дебата, доколку стоеше неговата изјава, текстот ќе имаше рамнотежа и точност, а судењето ќе му преостанеше на тој што треба да суди – читателот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

Нема факти

Нема втора страна

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не е потврден

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести