Рецензии

Медиумите не служат за омаловажување на колегите

на 4. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Новинарите од Канал 5 трк по бугарски пасош, бродот тоне, а глувците се спасуваат!] Текст со недоличен говор, со шпекулации, невистини… Иако има само една реченица, се гледа намерата со неа да се омаловажи новинарка од друг медиум. Притоа целиот текст се става во политичка конотација, без потреба, и што е најважно – без аргументација за тоа, односно без обид да се дознае дали новинарката можеби била на задача.   Линк до оригиналниот напис: Новинарите од Канал 5 трк по бугарски пасош, бродот тоне, а глувците се спасуваат! Датум и време на објавување: 28.04.2016 Датум на рецензирање: 01.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Текстов е направен на основа на една фотографија која се користи како доказно средство дека новинарката чека

Црното не станува секогаш бело

на 3. 05. 2016 | |
[Рецензија: Нема дилеми: Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори]   Наслов по теркот на народната „Прле пред магаре“. Има дилеми и тоа многу околу избирачкиот список, ама овој текст како да не сака да ги види.
Линк до оригиналниот напис: Нема дилеми: Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори  Датум и време на објавување: 26.04.2016 22:59  Датум на рецензирање: 28.04.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    НЕКОЈ НЕ САКА ДА ГИ ВИДИ ДИЛЕМИТЕ Релативизирање и симплификација… Што друго да се каже за текст кој преку насловната конструкција сака да ја изврти фактичката ситуација наопаку и од црното да направи бело. Знаејќи дека насловот е тоа што се врежува кај читателите, се пласира една „розова“ формулација за состојбата во

На пораките без докази не им е местото во новинарството

на 3. 05. 2016 | | sq

Напис: „Заев со порака до Беса“ Вие сте „наши“ и не излегувајте на протести?!

Неофицијално, новинската агенција „Журнал“ од сигурни извори дознава дека лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев, побарал од движењето Беса да му даде беса дека нема на учествува на денешните протести организирани од ДР-ДПА, другите партии и од граѓаните Албанци. На денешните масовни протести на кои учествуваа илјадници граѓани Албанци, кои го искажаа својот револт против неправдите кои им се прават на Албанците и против режимот на Груевски, беше очигледно дека Опозицискиот совет и движењето Беса не учествуваа. Иако пред неколку дена движењето Беса преку една изјава за медиумите пренесе дека тие ги поддржуваат сите протести кои тежнеат кон уривање на овој диктаторски режим, особено кога се

Селото гори, бабата изгорела исчешлана

на 3. 05. 2016 | |
[Рецензија: Животот на село се поатрактивен – погледнете кои градски личности се одлучија за живот во село]   Сосема е јасно дека оваа медиумска содржина има намера да учествува во ветерот во едрата на новиот проект што е најавен деновиве – „Од град во село за нов почеток“. Впрочем текстот тоа не го крие:

„Градските гужви луѓето се почесто сакаат да ги надминат на село. На чист воздух, во мир, спокој и тишина. “Од град во село за нов почеток“ е насловот на новиот мега проект што го најави Никола Груевски.“

И велиме, добро, не е спорно дека на креаторите на оваа содржина им се допаѓа овој проект. Но, сепак, бидејќи се работи за медиум, текстот треба да почитува некои

Манипулација со слика – стара фотомонтажа за „нова“ вест!

на 3. 05. 2016 | | sq

Напис: Нападнат новинарот Миленко Неделковски

Неколку дена по претепувањето на телохранителите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, македонскиот портал „Доказ“ известува дека вчера, околу 17 часот, во скопската кафеана „Лезет“ e претепан и провладиниот новинар Миленко Неделковски. Учесниците на тепачката се познати за македонскиот портал. Новинарот Миленко Неделковски е познат по својата албанофобија./Албеу.цом

[Рецензија: Нападнат новинарот Миленко Неделковски]

Новинарот треба да биде многу внимателен при пишувањето на една вест! Информацијата првин треба да се потврди, а потоа да се пренесе како вест. Никогаш не треба да се игра на картата на намерно погрешно толкување. Во овој случај, не станува збор за текст што го омаловажува или загрозува интегритетот на посочената личност, туку за манипулација со мултимедијални елементи, при што

Брошура за пропагандна војна во костим на статија

на 3. 05. 2016 | |
[Рецензија: Започна сценариото на Заев за виткање на кичмата на државата]   Рецензираме текст на непотпишан автор, кој по својот габарит од девет новинарски страници или 11.962 карактери, повеќе личи на брошура, на пропаганден памфлет, со многу тенденциозни фотографии сечени, лепени и монтирани, а најмногу на специјална војна против опозицијата, граѓанскиот сектор, угледни интелектуалци и јавни работници, новинари, универзитетски професори… Со еден збор, против сите што се на спротивната страна од власта. Како и во секоја војна, употребени се валкани алатки и оружја – невистина, навреди, дисквалификација, измислици, пропаганда… Нема факти, нема аргументација за кажаното, нема извори, освен повикување на „мојот брат“ – исто така лажго, на друг медиум од истото крило.   Линк до оригиналниот напис: Започна сценариото на

Несолена иронија

на 28. 04. 2016 | | sq

 

Напис: Мендух Тачи како Стојан Андов, ќе „умре“ во Собрание!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, речиси 20 години седи на клупите на Собранието на Република Македонија. Тој, овие неколку недели, преку средби со граѓаните по разни градови во Македонија се подготвува да се кандидира за уште еден мандат како пратеник. Неофицијално дознаваме дека Мендух Тачи е во дилема во која изборна единица да се кандидира, во изборната единица број 6, која ги опфаќа Тетово и околината, или, пак, во изборната единица број 1 во Сарај, каде што во 2002 година со добиените гласови од жителите Мендух Тачи стана пратеник. Политичкиот ангажман на Мендух Тачи е подолг од 20 години, а исто толку е и пратеник во Собранието на Република

Низ ситото на пропагандата

на 28. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: Еве која увезена банда стои зад Шарената револуција на СДСМ и Заев] Она што го разликува овој текст од една професионална, аргументирано образложена постапка на оваа тема е однапред поставената цел: да се влијае на мислењето и на однесувањето на колку што е можно поголем дел од публиката за да се предизвика негативна реакција во однос на политичките процеси. Кога имате однапред поставена цел, сè што треба да се направи е рамката на таа цел да се пополни со содржина што ќе ја оправда целта. Но, таа постапка не e новинарска. Линк до оригиналниот напис: Еве која увезена банда стои зад Шарената револуција на СДСМ и Заев Датум и време на објавување: 25.04.2016 Датум на рецензирање: 28.04.2016 Рецензент: Зоран

Индиректни извори за настан „пред носот“

на 28. 04. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Се скараа Сорос и СДСМ: Свирежи против Заев, СДСМ го повлече членството од протестите]

  Дека медиумите кои се жолто обоени меѓусебно се поттикнуваат во градењето афери, покажува и овој текст. Место од вообичаено обезбедени извори за сознание кое се пласира на „драматичен начин“, за наводно скараните Заев и невладините организации, текстот се потпира на друг таков напис, кој се засновува на – така да речеме – личен впечаток. Фактот што во овој случај „изворот“, наводно, припаѓа на друга политичка опција, секако не е гаранција. При вакви преземања, позначајно е тоа што и едниот (наводниот извор) и другиот (пренесувачот), наместо да се загрижени за вистинитоста на веста, тие ги бројат на екраните на компјутерите бројот на „лајковите“.

Портокалов памфлет обландиран во вест

на 27. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Дали од „Сојузот на борците на Македонија“ се свесни КОГО и ШТО поддржуваат?]

  Обоено коментаторство камуфлирано во вест. Неприфатливо мешање на жанрови и заведување на публиката дека ѝ се нуди чиста информација, а всушност се пласира став што недвосмислено кореспондира со оној на извесна партија. Погодете која! Линк до оригиналниот напис: Дали од „Сојузот на борците на Македонија“ се свесни КОГО и ШТО поддржуваат? Датум и време на објавување: 25.04.2016 08:37 Датум на рецензирање: 26.04.2016 Рецензент: Владимир Мирчески   

ИЗМЕШАНИ ЛОНЧИЊА

Целта на текстот е јасна – да се упати јавна осуда за чинот на поддршка на Сојузот на борците за протестите што две седмици траат во земјата. Тоа што не можела да го направи партијата, го сторил овој