verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Црното не станува секогаш бело

on 3 - 05 - 2016       

Izbiracki spisok Mirceski

[Рецензија: Нема дилеми: Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори]

 

Наслов по теркот на народната „Прле пред магаре“. Има дилеми и тоа многу околу избирачкиот список, ама овој текст како да не сака да ги види.


1111Линк до оригиналниот напис: Нема дилеми: Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори

 Датум и време на објавување: 26.04.2016 22:59

 Датум на рецензирање: 28.04.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 НЕКОЈ НЕ САКА ДА ГИ ВИДИ ДИЛЕМИТЕ

Релативизирање и симплификација… Што друго да се каже за текст кој преку насловната конструкција сака да ја изврти фактичката ситуација наопаку и од црното да направи бело. Знаејќи дека насловот е тоа што се врежува кај читателите, се пласира една „розова“ формулација за состојбата во која работи Државната изборна комисија и за тоа како се „прочистил“ избирачкиот список. Оваа понудена верзија, за жал, не кореспондира со реалноста.

За почеток, ако во тело составено од девет члена, двајца од нив не учествуваат на седниците, тогаш тоа е сигнал дека нешто не е како што треба, факт што станува позагрижувачки ако се знае дека станува збор за членовите предложени од најголемата опозициска партија. Само со ова сознание се урива „идилата“ што написот ја „продава“ за функционирањето на ДИК. Но, ситуацијата станува ептен алармантна со тоа што при усвојувањето на извештајот од вкрстените теренски и административни проверки за избирачкиот список, против гласал и претседателот на самата Државна изборна комисија.

„Тој прво изрази сомневање во правната важност на информациите од МВР на кои не е потпишан министерот, што за другите членови не е спорно. За Чичаковски, остануваат сомнителни гласачите без живеалиште во земјава. Од 139 илјади, 42 илјади се дијаспора, но за другите нема прецизни податоци“. (Телма, 26 април 2016г.)

„Во тензична атмосфера и обвинувања за опструкции кон претседателот на комисијата, Државната изборна комисија го усвои финалниот извештај од теренската и административната проверка. Освен претседателот Чичаковски кој гласаше против, мнозинството членови гласаа за“. (24 вести, 26 април 2016 г.)

„ДИК го усвои Извештајот од вкрстените проверки без гласот на Чичаковски“. (Плусинфо, 26 април 2016 г.)

Ако ова се има предвид, од каде тогаш тврдењето во насловот дека нема дилеми: Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори, зашто самиот претседател на ДИК има дилеми.

Навистина не знам врз основа на што се аргументира дека избирачкиот список сега е безмалку безгрешен. На ваквиот партиски обоен сензационализам не му помага ниту информацијата дека меѓународниот експерт делегиран од ИФЕС (Меѓународна фондација за изборни системи) исто така дал негативно мислење за веродостојноста на избирачкиот список.

„ИФЕС: Невозможна детална проверка на избирачкиот список до 5 јуни (Алсат-М, 26 април 2016 г.)

Значи, избирачкиот список во моментот не е „света крава“ како што се прикажува во овој текст.

Сумирано, имаме едностран и пристрасен пристап евидентен во насловот, кој се перчи со непоткрепено тврдење.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести