verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Несолена иронија

on 28 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #150 - 'Menduh Thaçi si Stojan Andovi, do të _vdes_ në Parlament!' - www_zhurnal_mk_content__id=16420111056

 

Напис: Мендух Тачи како Стојан Андов, ќе „умре“ во Собрание!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, речиси 20 години седи на клупите на Собранието на Република Македонија. Тој, овие неколку недели, преку средби со граѓаните по разни градови во Македонија се подготвува да се кандидира за уште еден мандат како пратеник.

Неофицијално дознаваме дека Мендух Тачи е во дилема во која изборна единица да се кандидира, во изборната единица број 6, која ги опфаќа Тетово и околината, или, пак, во изборната единица број 1 во Сарај, каде што во 2002 година со добиените гласови од жителите Мендух Тачи стана пратеник.

Политичкиот ангажман на Мендух Тачи е подолг од 20 години, а исто толку е и пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што ниту еднаш не дискутирал од говорницата.

Инаку, балканските политичари, особено во Македонија, се решени да одат до крај со својата политичка кариера. Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, се пензионираше како пратеник, а по сè изгледа и Мендух Тачи има таква желба.

[Рецензија: „Мендух Тачи како Стојан Андов, ќе „умре“ во Собрание!”]

„Несолената“ критика не ѝ доликува на новинарската професија. Основа за една вест треба да бидат само аргументите и тие треба да се анализираат со соодветен јазик. Авторот не смее да прејудицира, да оценува и да осудува според своите лични погледи.

Zhurnal - Menduh Thaci si Stojan Andov 1Линк до оригиналниот напис: „Мендух Тачи како Стојан Андов, ќе „умре“ во Собрание!

Датум и време на објавување: 20.04.2016

Датум на рецензирање: 20.04.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Да се предвиди „смртта“ на еден политичар, дури и тоа да е ставено под наводници, само за да се иронизира за времетраењето на мандатот на Мендух Тачи како пратеник, е повеќе од професионален скандал. Главната цел на авторот била да каже дека Тачи се подготвува за уште еден нов пратенички мандат, како и многупати досега.

„Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, речиси 20 години седи на клупите на Собранието на Република Македонија. Тој, овие неколку недели, преку средби со граѓаните по разни градови во Македонија се подготвува за да се кандидира за уште еден мандат како пратеник.“

Некој, можеби, добар познавач на околностите, експерт или нешто слично, наместо авторот, би требало да коментира за времето на Тачи поминато како пратеник, неговите изјаснувања и неизјаснувања. Авторот го избрал најлесниот начин, коментирал самиот тој.

„Инаку, политичкиот ангажман на Мендух Тачи е подолг од 20 години, а исто толку е и пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што ниту еднаш не дискутирал од говорницата.“

На крај, следува најавената споредба, но тука има еден проблем: Стојан Андов не умрел во Собрание, всушност тој е сè уште жив, па употребата на зборот „умре“ е несоодветна.

Овој начин на информирање покажува несериозност, злоупотреба на привилегиите што ги носи професијата и обезвреднување на довербата дадена од читателите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести