verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Индиректни извори за настан „пред носот“

on 28 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

start

[Рецензија: Се скараа Сорос и СДСМ: Свирежи против Заев, СДСМ го повлече членството од протестите]

 

Дека медиумите кои се жолто обоени меѓусебно се поттикнуваат во градењето афери, покажува и овој текст. Место од вообичаено обезбедени извори за сознание кое се пласира на „драматичен начин“, за наводно скараните Заев и невладините организации, текстот се потпира на друг таков напис, кој се засновува на – така да речеме – личен впечаток. Фактот што во овој случај „изворот“, наводно, припаѓа на друга политичка опција, секако не е гаранција. При вакви преземања, позначајно е тоа што и едниот (наводниот извор) и другиот (пренесувачот), наместо да се загрижени за вистинитоста на веста, тие ги бројат на екраните на компјутерите бројот на „лајковите“. За што се работи?

startЛинк до оригиналниот напис: Се скараа Сорос и СДСМ: Свирежи против Заев, СДСМ го повлече членството од протестите

Датум и време на објавување: 22.04.2016 23:30

Датум на рецензирање: 27.04.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ИНСИНУИРАЊЕ

„Борбата за гола власт без избори полека, но сигурно почнува да кулминира во редовите на СДСМ и невладините на СОРОС. Тие вечерва се исвиркаа едно со други, извадија и транспарент дека не ни требаат корумпирани политичари. Соросоидите од вечерва не се само против Груевски, туку и против Заев – Соросоидите ја бараат целата власт и не сакаат да ја делат со Заев и СДСМ.“

Прво, чудно е како текстот не е потпишан и како немало известувач од јавен настан, каде сè е дозволено за известувачите, па и да си допрашуваат нешто што не им е јасно, бидејќи актерите на наводниот настан би биле на „дофат на раката“! Зошто е потребно она „од наши извори“, небаре се работи за затворен состанок на група луѓе или за настан кој се случува некаде далеку и ретко кој можел да стигне таму?!

Ова веднаш инсинуира на вредноста на изворот, бидејќи опишува наводен судир меѓу лидерот на опозицијата Заев и наводните „соросоиди“ во протестите пред зградата на ЕУ. Доказ – присуството на плакатот кој говори за „корумпирани политичари“. Па, имињата на тие политичари ги знаат и малите деца и јасно е на кого се мисли. Ако се мисли дека таа листа е проширена, нека се земе изјава од учесниците на протестот, односно тие што ги носат транспарентите. Впрочем, на првиот протест по написот – оној од понеделникот, на 25 април – присуствуваше Зоран Заев, а говореше и еден висок претставник на СДСМ – Шилегов. Ако некој сакал да провери дали оваа вест е точна, можел одново да ги праша присутните актери на тој наводен конфликт од четвртокот (21 април).

Впрочем, каде се фотографиите од тој настан на манифестирана недоверба. И како се случи „наводниот извор“ (Ивановски) да ги „кара“ претставниците на левичарските структури во „Протестираме“, непосредно пред тие да станат предмет на владино-правосудна хајка?!

Но, сè на сè, за толкав текст (одново нагласуваме, непотпишан!) неопходни се многу посолидни и од местото на настанот добиени факти, како и свежи и како сведоштво вредни фотографии. Па, во текстот дури нема слика и од транспарентот кој, како многу други, се вее секоја вечер на скопските улици. Само бајати фотки, без каков било транспарент. Да не се вознемирува власта!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести