verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумите не служат за омаловажување на колегите

on 4 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Dokaz za Kraljevska

[Рецензија: Новинарите од Канал 5 трк по бугарски пасош, бродот тоне, а глувците се спасуваат!]

Текст со недоличен говор, со шпекулации, невистини… Иако има само една реченица, се гледа намерата со неа да се омаловажи новинарка од друг медиум. Притоа целиот текст се става во политичка конотација, без потреба, и што е најважно – без аргументација за тоа, односно без обид да се дознае дали новинарката можеби била на задача.

 

dokazЛинк до оригиналниот напис: Новинарите од Канал 5 трк по бугарски пасош, бродот тоне, а глувците се спасуваат!

Датум и време на објавување: 28.04.2016

Датум на рецензирање: 01.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

Текстов е направен на основа на една фотографија која се користи како доказно средство дека новинарката чека за бугарска виза пред Министерството за правда на Бугарија. На една од трите фотографии (кои подоцна ги снема од порталот, но останаа видеозаписите и текстот) се гледа само како посочената колешка седи на клупа. И тоа е целата вистина. Ниту има доказ за тоа дека фотографијата е направена во Бугарија, а уште повеќе нема аргумент дека тоа е пред Министерството за правда. И ако е така како што тврди текстот, дека новинарката ја забележале на тоа место – зошто не ја прашале што прави таму? Можеби би се изненадиле од одговорот – дека е на прошетка, дека е на службено патување или дека, можеби, студира таму? Дали сето тоа е забрането?

Написов нема никаква врска со вистината. Тој е несодржаен и необјективен, напаѓа, а не дава можност нападнатиот да се брани. Со тоа се прекршени повеќе членови од Кодексот на новинари, меѓу кои најексплицитно членот 16:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Текстови што служат за напад врз колеги се далеку од професионални. Башка, овој напис паѓа на испитот по сите прашања од методологијата на „Сервис за проверка на факти во медиумите“, како што се: содржајност, вистинитост, објективност, извори…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести