Рецензии

Груевски и земјоделството

на 6. 05. 2016 | |

[Рецензија: Додека опозицијата се занимава со деструкција, за три недели Груевски промовираше 5 мега проекти во земјоделието]

  Ова е партиска реклама од А до Ш. Терање предизборна кампања, нарачка за „билдање“ на контото со гласови на власта. Безмалку, идолопоклонство кон шефот на владејачката структура… Линк до оригиналниот напис: Додека опозицијата се занимава со деструкција, за три недели Груевски промовираше 5 мега проекти во земјоделието  Датум и време на објавување: 01.05.2016  13:34  Датум на рецензирање: 03.05.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА ПАРТИСКОТО ГЛАСИЛО

„Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“, вели член 14 од Кодексот на новинарите. Токму овој член од новинарскиот Кодекс

Сите бои на манипулацијата

на 6. 05. 2016 | |
[Рецензија: Обвинителското „признај за да не лежиш во затвор“ е директна закана] Навистина е широк спектарот на манипулациите на пропагандата. Најстрашно е кога во нив учествуваат и медиумите. Еве една од боите од спектарот на манипулацијата. Извлечена од оваа медиумска содржина, зашто толку многу има прекршено од новинарските професионални и етички принципи, што не заслужува да се нарече новинарски текст. Во принцип, оваа медиумска содржина е направена врз основа на разговор со претседателот на Советот на јавните обвинители и во неа нема директно посочување дека некој вршел притисок и закани врз некоја личност. Манипулацијата е фотографијата и контекстот на настаните. Таа фотографија и контекстот на настаните, меѓу кои и наводното самоубиство на еден од клучните ликови во аферата со прислушувањето,

Мршојадство: Смртен случај (зло)употребен за политички напад

на 5. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ЖРТВА: Додека хулиганите демолираат, Катица на ручек со обвинителите]

  Пред нас имаме објава која се (зло)употребува за лична дискредитација, при што се турка неиздржана теза базирана на сомнителна смрт за која постои тековна истрага. Со ваквиот мршојадскиот пристап се прекршуваат повеќе членови од новинарскиот Кодекс, како и востановените принципи за етичко известување. Линк до оригиналниот напис: КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ЖРТВА: Додека хулиганите демолираат, Катица на ручек со обвинителите Датум и време на објавување: 27.4.2016 Датум на рецензирање: 1.5.2016 Рецензент: Александар Пешев  

НЕЕТИЧКИ И БЕСРАМНО

Спинот и политичката пристрасност се согледуваат во самиот наслов, а потоа се разработуваат во воведот на објавата, која никако не може да се категоризира како професионален

Од кога висината на платата е јавен податок?

на 5. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Ја обвинуваат Владата за тортура, а земаат двојно зголемени плати (ФОТО)]

  Текстот се расфрла со бројки за висината на платите на уметниците што протестираа пред Министерството за култура, незадоволни што оваа институција покажува игнорантски однос кон независните синдикати на Република Македонија. Написот спинува, ги поврзува уметниците со СДСМ и тврди дека протестирале барајќи поголеми плати, што не е вистина. Линк до оригиналниот напис: Ја обвинуваат Владата за тортура, а земаат двојно зголемени плати (ФОТО) Датум и време на објавување: 26.04.2016, 12:44 Датум на рецензирање: 28.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОЛИТИЧКИ ОБОЕНА СОДРЖИНА

Иако спинува за причината за протестотот, текстот заборава дека висината на платата е деловна тајна. Напротив, написот оди уште подлабоко и, наводно, „истражува“ кој уметник колкава

Демократија, а не шега – како во политиката, така и во новинарството

на 4. 05. 2016 | | sq

Напис: Беса против Теута; Замир против Ермира; Фатон против Нора;…

Дека демократијата во нашата земја „цути“ е јасно како ден. Не е јасно само кој кого држи заложник, поединците – партијата, партијата – државата… или обратно? Кај албанската партија на власт, ДУИ, последните години се случуваат некои интересни феномени. Основачите на партијата се оддалечија од истата. Некои во други партии, некои формираа нова партија, некои се повлекоа целосно од политичката сцена. Има и такви што влез-излезот во ДУИ го направиле врз основа на дневниот интерес, пишува „Факте“. Во секоја партија има и партиски функционери што имаат членови на семејство што не чекорат по истиот политички пат, но во ДУИ појавата на политичката спротивставеност на братот и на сестрата зема смешни

Верата на новинарот е вистината

на 4. 05. 2016 | | sq

Напис: Македонскиот лидер организира масовни протести, денеска се одржуваат во Куманово и во Штип

Протестите што се организираат од страна на македонскиот лидер, Зоран Заев, во Македонија продолжуваат да се радикализираат во другите градови. По вчерашната пауза, протестите продолжуваат и денеска во 18 часот пред Специјалното обвинителство во Скопје. Синоќа се протестираше во Велес, додека денеска на улица излегуваат и Куманово и Штип. Вклучување во протестот најави и движењето Беса. Граѓаните протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на сите политичари за кои е почната кривична постапка.

[Рецензија: Македонскиот лидер организира масовни протести, денеска се одржуваат во Куманово и во Штип]

Промовирање на јавниот интерес е клучна мисија на новинарството. Правилното, точното и објективното информирање е во прилог

Спинувана трагедија за политички поени

на 4. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Тортурата од СЈО – причина за самоубиство]

  Текстот е коментарски и едностран и во него не наоѓаме поткрепа за наводните тврдења, ниту потврда дека блиските на Коста Крпач навистина ги кажале тие работи. Во написот не се наведуваат информации од Специјалното јавно обвинителство и не пишува дека е побарана изјава оттаму. Линк до оригиналниот напис: Тортурата од СЈО – причина за самоубиство Датум и време на објавување: 27.04. 2016,17:48 Датум на рецензирање: 03.05.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ДА СЕ ФРЛИ ВИНАТА ВРЗ СЈО

Самиот сензационалистички наслов на информацијата најавува дека во неа ќе се напаѓа Специјалното јавно обвинителство, а притоа се користи едно од кодните имиња на случаите [to ги отвори СЈО – „Тортура“. Написот почнува блогерски, без

Подметнување „велигденско јајце“ во „Шарената револуција“

на 4. 05. 2016 | |

[Рецензија: Вранишковски ја поддржува „шарената револуција“ за да ја превреднува „комунистичката МПЦ“]

Доколку се бараат некакви непријатели на некоја идеја, опција, политичка група или елита, со пропагандистички мотиви, најдобро се наоѓаат меѓу „архинепријателите“, реални или лажни, но, во секој случај, такви кои постојат подолго време. Такви секогаш е лесно да се најдат ако истите се бараат во групација која е шаренолика и која тоа не го крие, туку тоа го смета за сопствена доблест. Во овој новинарски прилог се прави токму тоа – се одбира „конкурентска“ црква на Македонската православна црква и таа се става во масата на граѓаните што протестираат, за преку нејзиното претпоставено големо значење по заканата за трајните македонски вредности, се создаде уште поголем замислен анимозитет врз

Сексистички сензационализам

на 4. 05. 2016 | | sq
 

[Рецензија: И се скинаа гаќите додека фрлаше кон канцеларијата на Иванов]

  Апсолутно сексистички, примитивен и вулгарен текст што нема никаква врска со настанот на кој е снимена фотографијата. Не е важен протестот, неговата масовност и проширувањето низ целата земја. Не е важно ниту зошто луѓето со денови протестираат, кои се нивните пораки и кому се упатени. Не е важно што ги натерало луѓето на студено, врнежливо време да излезат на улиците и да протестираат. Важно е дека на една од учесничките на протестот силниот ветар ѝ го кренал здолништето. И со една таква извитоперена прецепција на нештата, тоа се претставува како да е најважната работа на светот! Па, тоа  уште се кажува и со огромна доза потсмев и

Сосила демонстрантите ги прават непатриоти

на 4. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Протестите откажани: Километарски колони на граница кон Грција (ФОТО)] Малициозност и тенденциозност. Текстот сака, ама во полузавиена форма, да каже дека, ете, демонстрантите не се на улиците зашто решиле да заминат на продолжен викенд – и тоа баш во Грција. Се праќа порака дека тие што протестираат за доброто на земјата, одат кај јужниот ни сосед.   Линк до оригиналниот напис: Протестите откажани: Километарски колони на граница кон Грција (ФОТО) Датум и време на објавување: 29.04.2016  13:28 Датум на рецензирање: 30.04.2016 Рецензент: Владимир Мирчески     НЕПАТРИОТИ НИЕДНИ!!!  Напис од серијалот „наши и ваши“. „Нашите“ се „патриотите“, „вашите“ се „непатриотите“. Овие вториве, според тоа како ни се раскажува, се растрчале велигденските празници непатриотски да ги поминат во Грција. Но, тука не