verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Верата на новинарот е вистината

on 4 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #156 - 'Lideri maqedonas organizon protesta masovike, sot mbahen në Kumanovë dhe Shtip' - www_zhurnal_mk_content__id=164181139

Напис: Македонскиот лидер организира масовни протести, денеска се одржуваат во Куманово и во Штип

Протестите што се организираат од страна на македонскиот лидер, Зоран Заев, во Македонија продолжуваат да се радикализираат во другите градови. По вчерашната пауза, протестите продолжуваат и денеска во 18 часот пред Специјалното обвинителство во Скопје.

Синоќа се протестираше во Велес, додека денеска на улица излегуваат и Куманово и Штип.

Вклучување во протестот најави и движењето Беса.

Граѓаните протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на сите политичари за кои е почната кривична постапка.

[Рецензија: Македонскиот лидер организира масовни протести, денеска се одржуваат во Куманово и во Штип]

Промовирање на јавниот интерес е клучна мисија на новинарството. Правилното, точното и објективното информирање е во прилог на јавниот интерес. Затоа, новинарот во ниеден момент на треба да се обиде да манипулира со јавноста давајќи ѝ невистинити вести за да ја дезинформира. На ова начело треба да се биде верен докрај.

downloadЛинк до оригиналниот напис: „Македонскиот лидер организира масовни протести, денес се одржуваат во Куманово и во Штип

Датум и време на објавување: 18.04.2016

Датум на рецензирање: 22.04.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Веста што ја рецензираме е типичен пример за тоа како се прави обид да се манипулира јавноста со невистинити вести. Веста почнува со насловот „Македонскиот лидер организира масовни протести, денеска се одржуваат во Куманово и во Штип“. Наместо да биде информативен, насловот дезинформира, токму поради фактот што протестите против одлуката на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, да аболира инкриминирани политичари, се организирани од повеќе организации и активисти, обединети во невладиното движење „Протестирам“.

„Протестите што се организираат од страна на македонскиот лидер, Зоран Заев, во Македонија продолжуваат да се радикализираат во другите градови. По вчерашната пауза, протестите продолжуваат и денеска во 18 часот пред Специјалното обвинителство во Скопје.“

Истото авторот го повторува и во содржината, обидувајќи се да го убеди читателот дека Заев е организатор на протестите. Меѓутоа, никаде во текстот нема некој факт, соопштение или известување за да го докаже тоа на што се повикува, па макар и со некоја изјава од Зоран Заев, дека тој е организатор и носител на протестите.

Новинарот треба да сноси одговорност пред јавноста. Затоа и треба да пласира точни информации и да не се обидува намерно да манипулира со јавноста, што е едно од начелата на новинарството – авторот на ниту еден начин да не се обиде да ја дезориентира јавноста.

Етичкиот и професионалниот кодекс им наметнува на новинарите особена одговорност за јавно кажаниот збор. Влијанието што го има еден медиум не смее да го користи за дезинформација. Најсилниот арсенал на медиумите треба да биде точноста и потврденоста.  Без овие два елементи, медиумот останува гол и го губи своето значење. Прва обврска на новинарите е, и треба да биде, вистината.

„Моралната одговорност за неточноста на информацијата паѓа врз новинарот, затоа е важно тој сам да влијае и да обезбеди објавување на демантот, корекцијата или одговорот во медиумот каде што информацијата е објавена, чиј автор е тој. На овој начин новинарот го заштитува и својот интегритет, но и интегритетот на медиумот каде што работи“, се вели во Прирачникот за етика во новинарството.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести