verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од кога висината на платата е јавен податок?

on 5 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Ја обвинуваат Владата за тортура, а з_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_j

[Рецензија: Ја обвинуваат Владата за тортура, а земаат двојно зголемени плати (ФОТО)]

 

Текстот се расфрла со бројки за висината на платите на уметниците што протестираа пред Министерството за култура, незадоволни што оваа институција покажува игнорантски однос кон независните синдикати на Република Македонија. Написот спинува, ги поврзува уметниците со СДСМ и тврди дека протестирале барајќи поголеми плати, што не е вистина.

umetnici platiЛинк до оригиналниот напис: Ја обвинуваат Владата за тортура, а земаат двојно зголемени плати (ФОТО)

Датум и време на објавување: 26.04.2016, 12:44

Датум на рецензирање: 28.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПОЛИТИЧКИ ОБОЕНА СОДРЖИНА

Иако спинува за причината за протестотот, текстот заборава дека висината на платата е деловна тајна. Напротив, написот оди уште подлабоко и, наводно, „истражува“ кој уметник колкава плата зема. Се поставува прашањето кој ги дал информациите за висината на личните примања на уметниците? Ако изворот на податоците е институцијата каде што работат посочените, дали таа со ваквата постапка прави некаков прекршок? И дали треба тоа да се санкционира? На овие прашања текстот не нуди одговор.

Големата грешка што ја прави написот е тврдењето дека уметниците немаат потреба да протестираат поради тоа што сега, за разлика од 2006 година, земаат многу повисоки плата. Тезата што ја турка оваа објва е: „Оваа власт ги покачи платите, а тие како ѝ  враќаат!“ Тоа што авторот на текстот треба да го знае е дека барањето за поголеми права нема врска со висината на платата. Уметниците се и зоон политикон (политички суштества, Аристотел.н.з.), што подразбира дека учествуваат во општествените процеси и не можат да ги игнорираат. Така што, ваквата споредба со плати и со барања за повисоки цели е неиздржана и неумесна.

Не помалку проблематично е и тоа што во написот се наведуваат конкретни имиња, без да се побара изјава од личностите што се споменуваат. Манирот во кој е напишан текстот не оддава чувство дека е сторен напор за такво нешто.

Фотографиите, пак, што се користат не се од настанот што се обработува, туку од други случувања или од „Фејсбук“, со што, исто така, се прави манипулација.

Гледано во целина, материјалот што е предмет на рецензија е непрофесионалено сработен и заслужува негативна оценка. Оваа политички обоена содржина може да добие аплауз единствено од структурите на власта.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести