verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сосила демонстрантите ги прават непатриоти

on 4 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Koloni kon Grcija

[Рецензија: Протестите откажани: Километарски колони на граница кон Грција (ФОТО)]

Малициозност и тенденциозност. Текстот сака, ама во полузавиена форма, да каже дека, ете, демонстрантите не се на улиците зашто решиле да заминат на продолжен викенд – и тоа баш во Грција. Се праќа порака дека тие што протестираат за доброто на земјата, одат кај јужниот ни сосед.

 

1111Линк до оригиналниот напис: Протестите откажани: Километарски колони на граница кон Грција (ФОТО)

Датум и време на објавување: 29.04.2016  13:28

Датум на рецензирање: 30.04.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

НЕПАТРИОТИ НИЕДНИ!!!

 Напис од серијалот „наши и ваши“. „Нашите“ се „патриотите“, „вашите“ се „непатриотите“. Овие вториве, според тоа како ни се раскажува, се растрчале велигденските празници непатриотски да ги поминат во Грција. Но, тука не е целата поента. Текстот оди понатаму, наведувајќи дека тоа што тие решиле да си „тераат продолжени викенди“, нормално кај јужниот сосед, резултирало со откажување на протестите. Аха, ете ја целта на материјалот – да ги доведе во директна врска граѓанските собири и протести против одлуката за помилување на 50-тина политичари, од кои повеќето се од врвот на владејачката партија, со викендувањето во Грција.

„Протестите и народните собири во сите градови се откажани, градските средини веќе се празни, а колони возила од рано утрово тргнаа во инвазија кон македонско-грчката граница. Покрај море во Грција голем дел од македонските граѓани „патриотски“ сплотени и лежерно, без разговори за партии ќе ги поминат следните неколку дена.“

Не ми изгледа дека е направено некакво истражување што би го аргументирало ваквото тврдење. Некои работи „висат во воздух“. Зошто се наметнува тезата дека баш луѓето што протестираат се викенд-туристите во Грција? Претпоставувам дека има и такви, ама тоа воопшто не ја оправдува формулацијата која генерализира,

„Протестите откажани: Километарски колони на граница кон Грција“,

и  инсинуира дека токму демонстрантите, кои ги откажаа протестите поради велигденските празници, а не заради плажите на Халкидики, се главните грчки „клиенти“. Друг проблематичен аспект е т.н. патриотство. Аман веќе! Работава е – ако одиш во Грција не ја сакаш Македонија.

 

ОДАТ ЛИ ПАТРИОТИТЕ ВО ГРЦИЈА?

Тоа е теза што ја пласираат некои кругови во владејачката партија, иако токму нивни сопартијци знаат да си се сончаат на плажите во Грција.

Непотребна тендециозност се пласира во ова „копи-пејстирано“ четиво, кое иако е скусена верзија, сепак е верно на основните тези на оригиналот. Тоа се добива кога т.н. патриотизам го мериш низ диоптријата на власта.

„Патриотизам е да ја поддржуваш твојата земја секогаш, а твојата влада тогаш кога заслужува“, Марк Твен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести