verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Груевски и земјоделството

on 6 - 05 - 2016       

press 24

[Рецензија: Додека опозицијата се занимава со деструкција, за три недели Груевски промовираше 5 мега проекти во земјоделието]

 

Ова е партиска реклама од А до Ш. Терање предизборна кампања, нарачка за „билдање“ на контото со гласови на власта. Безмалку, идолопоклонство кон шефот на владејачката структура…

1111Линк до оригиналниот напис: Додека опозицијата се занимава со деструкција, за три недели Груевски промовираше 5 мега проекти во земјоделието

 Датум и време на објавување: 01.05.2016  13:34

 Датум на рецензирање: 03.05.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА ПАРТИСКОТО ГЛАСИЛО

„Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“, вели член 14 од Кодексот на новинарите.

Токму овој член од новинарскиот Кодекс е флагрантно прекршен. Имаме случај на поистоветување на написот со програмата на една политичка партија. Сè што е напишано е како „копи-пејстирано“ од партиските материјали наменети за изборни кампањи. Глорификацијата на идеи и едноставно беспоговорно пренесување на позициите на владејачката структура, како и нивните „мал милион“ проекти за во иднина, не се опис и попис на новинарската професија.

Во материјалот нема ниту ронка, ниту грам професионална сомничавост или искра на аналитичност и обид за посериозно навлегување во содржината на најавените „замисли“, како и проверка на нивната можна и реална изводливост.

Не! Напротив, она што е кажано на пригодно, партиски орагнизираниот настан, со чиста предизборна мотивација, само е прецртано во овој текст кој, сакајќи или несакајќи, ја презел улогата на продолжена рака на официјалното партиско гласило. Тоа што четивото е преземено од друг портал, воопшто не ја намалува тежината на неговата медиумска безвредност, секако ако не се смета партиско-политичкиот момент.

 

ГРУЕВСКИ НАЈАВУВА ЛИ НАЈАВУВА ПРОЕКТИ

Навистина, не е никакво изненадување што главна фаца е баш првиот човек на владејачката партија кој, самоуверено најавува ли најавува нови проекти, кои ги рекламираат цела низа „медиумски филијали“. Но, тропањето на барабан во стилот на „чујте и почујте“ не е елемент на вистинско новинарство, туку е стил својствен за агитпропските машини од минатите времиња. Толку се брзало што дури и се заборавило да се каже кој тоа „потенцира“ во текстот:

„Со цел обезбедување на поголема мотивираност на сточарите за модернизирање на стадата со вакви грла, досегашната поддршка за кофинансирање на трошоците за набавка на педигиран добиток кои ќе се покриваат од страна на државата, ќе биде 80% од трошоците“, потенцира.

Не може, а да не се нотира коментаторскиот пристап на почетокот на написот, но и во насловната конструкција:

„Додека опозицијата се занимава со деструкција, за три недели Груевски промовираше 5 мега проекти во земјоделието“

 

„Додека опозицијата се занимава со протести и демонстрирање на деструктивност, Груевски се фокусираше кон решавање на проблеми и креирање на понуда за граѓаните. За неполни три недели беа промовирани 5 големи проекти и мерки кој што ќе бидат од инзворедна корист за земјоделците…“

Кој зборува за деструкцијата на опозицијата и конструктивноста на Груевски? Ова е информација, нечија изјава или, пак, сопствен став?

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот член 13 од Кодексот на новинарите.

Подобар доказ дека материјалот е пристрасен и необјективен не може да се бара.

Среќа што написот е објавен на интернет-портал, зашто ако бил во весник, тогаш ќе било само џабе трошење скапа печатарска хартија за партиска кампања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести