verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Приказна од еден агол

on 6 - 05 - 2016       

kurir

[Рецензија: ДИК им одговори на Спасовски и опозициските НВО]

 

Овој материјал  е целосно необјективен, ја прикажува само едната страна, односно онаа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кога зборува за ставот на ДИК, написот, всушност, го пренесува единствено мислењето на  Силвана Бонева, која е само еден член во комисијата. А, ДИК како тело носи одлуки со гласање, кои подоцна ги пласира во јавноста преку соопштенија, што стануваат и официјални документи.

dikЛинк до оригиналниот напис: ДИК им одговори на Спасовски и опозициските НВО

Датум и време на објавување: 03.05. 2016, 23:16

Датум на рецензирање: 06.05.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ВАЖЕН САМО СТАВОТ НА БОНЕВА

„Силвана Бонева која во ДИК го претставува ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Спасовски намерно сакал да им подметне податоци со кои би се избришале над 130.000 граѓани кои имаат само важечка патна исправа.“

Текстот го прикажува ставот на Бонева, но професионално би било да ја има и втората страна, онаа која во конкретниот случај се напаѓа. Сепак, тоа во овој напис го нема. Тука недостига приказната на засегнатата страна – Спасовски.

На самиот почеток на текстот се вели:

„Членовите на ДИК му одговорија и на техничкиот министер Оливер Спасовски кој со индивидуално писмо до секој член ги повикувал да ги избришат од избирачкиот список сите оние кои имаат само важечка патна исправа, а личната карта им со истечен рок.“

Но, од написот не може да се разбере што му напишале членовите на ДИК на Спасовски, што, исто така, го прави текстот несцелосен.

 

ПРЕМОЛЧЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Потпирајќи се само на мислењето на Бонева и претставувајќи го како генерален став на ДИК, текстот ниту од далеку не ја пренесува во јавноста реалната слика за состојбите во ДИК. Во него се премолчени информации кои со денови се пласираат во други медиуми. На пример, не се кажува дека вработени во стручните служби на ДИК, како што пренесоа некои медиуми, се пожалиле дека „Во Државната изборна комисија веќе станува мачно да се доаѓа на работа, бидејќи во моментов оваа институција не ја врши функцијата дадена со Уставот и законите“.

Исто така, никаде во текстот не се спомнува дека ДИК  минатата недела (26 април 2016 година) го усвои финалниот извештај од вкрстената проверка на избирачкиот список, без гласот на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, кој гласаше против извештајот за избирачкиот список.

Во напсиот фали и потсетување на изјавата на претседателот на ДИК, во која тој вели:

„На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и пречистување на избирачкиот список не може да спроведе што значи дека не може да се обезбеди ниту избирачки список во кој сите ќе имаат доверба“, (Чичаковски, 17 јануари 2016)

Ваквите пропусти ја прават оваа објава неквалитетна, непрофесионална и нагласено пристрасна. Впрочем, видливо е дека таа нема идеја да пренесе во јавноста точна и политички необременета информација, туку да ја спинува вистината во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести