verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сите бои на манипулацијата

on 6 - 05 - 2016       

dnevnik

[Рецензија: Обвинителското „признај за да не лежиш во затвор“ е директна закана]

Навистина е широк спектарот на манипулациите на пропагандата. Најстрашно е кога во нив учествуваат и медиумите.

Еве една од боите од спектарот на манипулацијата. Извлечена од оваа медиумска содржина, зашто толку многу има прекршено од новинарските професионални и етички принципи, што не заслужува да се нарече новинарски текст.

Во принцип, оваа медиумска содржина е направена врз основа на разговор со претседателот на Советот на јавните обвинители и во неа нема директно посочување дека некој вршел притисок и закани врз некоја личност.

Манипулацијата е фотографијата и контекстот на настаните. Таа фотографија и контекстот на настаните, меѓу кои и наводното самоубиство на еден од клучните ликови во аферата со прислушувањето, итрината и подметнувањето во оваа содржина.

Но, тоа не е новинарство.

05052016-Dnevnik-SJO-zakanaЛинк до оригиналниот напис: Обвинителското „признај за да не лежиш во затвор“ е директна закана

Датум и време на објавување: 13.04.2016

Датум на рецензирање: 14.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ПОДМЕТНУВАЊЕ МЕЃУ РЕДОВИ

Да го земеме аспектот на вистинитоста. Оваа медиумска содржина оперира со намерата да понуди еден теориски пристап во судските или полициските истраги кога се работи за кривични дела. Тезите се извлечени од соговорникот, но меѓу редови се алудира на некои институции, како што е Специјалното јавно обвинителоство (СЈО), и на некои настани.

Вистинитоста не е целосна бидејќи за оваа тема се црпат аргументи само од еден извор за кој, пак, медиумски емаципираната публика знае каков однос имаше кон формирањето, работата и кон обвинителите во СЈО.

Еве, да се согласиме дека чувствата на соговорникот кон СЈО не се релевантни за методологијата, но дури и самиот текст си противречи самиот себеси кога парафразира дел од Законот за кривична постапка во кој се вели:

„Сведоците задолжително ќе бидат предупредени дека треба да ја зборуваат вистината и дека давањето лажен исказ е кривично дело.“

Прашањето е дали кога обвинителот му соопштува нешто вакво на осомничениот или сведокот, се заканува или советува?

Тоа прашање без одговор е нешто што недостига во овој текст. Ќе беше сосема поинаку ако како извори на оваа тема беа консултирани и други правни експерти и кога ќе се поставеа сите релеватни прашања. Вака напишана, оваа содржина е несеопфатна.

Рековме, клучната манипулација е фотографијата. На неа, покрај изворот за овој текст, е и клучната фигура на СЈО. Зошто?

За да се посочи „заканувачот“? Навистина груба, непрофесионална манипулација.

Со сите овие сериозни недостатоци, оваа медиумска содржина е пристрасна и политички некоректна.

***

Во скриншотот од оргиналниот текст што го рецензираме, се опфатени и коментарите на читателите. Тие не се дел од методологијата за рецензија и за проверка на фактите од медиумите, но овојпат се ставени за да се поткрепи нашето тврдење за манипулацијата што се крие во неа. Сите читатели,  освен еден, „препознале“ дека текстот алудира на СЈО.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

Манипулира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести