verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинувана трагедија за политички поени

on 4 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

samoubistvo

[Рецензија: Тортурата од СЈО – причина за самоубиство]

 

Текстот е коментарски и едностран и во него не наоѓаме поткрепа за наводните тврдења, ниту потврда дека блиските на Коста Крпач навистина ги кажале тие работи. Во написот не се наведуваат информации од Специјалното јавно обвинителство и не пишува дека е побарана изјава оттаму.

Тортурата од СЈО причина за самоубиство ВечерЛинк до оригиналниот напис: Тортурата од СЈО – причина за самоубиство

Датум и време на објавување: 27.04. 2016,17:48

Датум на рецензирање: 03.05.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ДА СЕ ФРЛИ ВИНАТА ВРЗ СЈО

Самиот сензационалистички наслов на информацијата најавува дека во неа ќе се напаѓа Специјалното јавно обвинителство, а притоа се користи едно од кодните имиња на случаите [to ги отвори СЈО – „Тортура“.

Написот почнува блогерски, без да се запазат новинарските стандарди за глава на вест. Во влезот се нафрлени информации без поголемо објаснување.

„Денеска многумина можеа да ја видат информацијата дека лице од Скопје кое досега не било познато по никакви испади, насилства и слично, пукало во комбе во близина на цветниот пазар во Скопје. Информацијата беше дополнета дека лицето е сопственик на познат интернет сајт, што беше демантирано од интернет порталот попладнево.“

И, иако се споменува дека има демант дека починатиот бил сопственик на веб-страница, сепак не се пренесува ниту фрагмент од него, за да можат читателите самите да се уверат што всушност се демантира.

Имено, порталот демантира дека починатиот е сопственик на веб-страницата и дека нејзиниот сопственик е правно лице, а не физичко. Сепак, тоа не е никаков доказ дека починатиот нема никаква поврзаност со правното лице, бидејќи истиот може да се јави во улога на сопственик, директор, управител, потписник итн.

Информацијата се темели на непрецизно лоцирани извори, „блиски луѓе и пријатели“, кои наводно тврдат дека причината за пукањето и за самоубиството се „трауми и малтретирања од постапка која ја води ­ Специјалното јавно обвинителство за него, под кодно име ФИНЗИ“.

Во текстот се наведуваат шпекулативни информации дека починатиот барал и психијатриска помош, а дополнително се извлекува и заклучок дека стручната помош не била ефикасна?!

Исто така, се дава лаичко објаснување за причината за пукањето кое се случило пред (само)убиството, а со тоа се обидува да се поткрепи тезата која вината за трагичниот настан ја префрла на СЈО и да се извалка реномето на институцијата.

Во продолжение фактографски се пренесува временската рамка на несреќата, но во ниту еден момент не се нуди објаснување ниту, пак, дека е побаран одговор зошто екипите на брзата помош и полицијата толку долго чекале да влезат во станот од кој е пукано на улица и во кој потоа, наводно, имало (само)убиство.

Вака конструираниот текст го прекршува Кодексот на новинари, според кој:

 

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.  (Член 1)

 

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. (Член 4)

 

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. (Член 8)

 

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (Член 14)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести