verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мршојадство: Смртен случај (зло)употребен за политички напад

on 5 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Пулс-24-КАТИЦА-ЈАНЕВА-ЈА-ПРОСЛАВУВА-ПРВАТА-ЖРТВА-Додека-хулиганите-демолираат-Катица-на-ручек-со-обвинителите 1

[Рецензија: КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ЖРТВА: Додека хулиганите демолираат, Катица на ручек со обвинителите]

 

Пред нас имаме објава која се (зло)употребува за лична дискредитација, при што се турка неиздржана теза базирана на сомнителна смрт за која постои тековна истрага. Со ваквиот мршојадскиот пристап се прекршуваат повеќе членови од новинарскиот Кодекс, како и востановените принципи за етичко известување.

Пулс 24 КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ЖРТВА Додека хулиганите демолираат Катица на ручек со обвинителитеЛинк до оригиналниот напис: КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ЖРТВА: Додека хулиганите демолираат, Катица на ручек со обвинителите

Датум и време на објавување: 27.4.2016

Датум на рецензирање: 1.5.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

НЕЕТИЧКИ И БЕСРАМНО

Спинот и политичката пристрасност се согледуваат во самиот наслов, а потоа се разработуваат во воведот на објавата, која никако не може да се категоризира како професионален новинарски производ. Во него со еден целосно неетички и непрофесионален пристап се коментира дека смртта на Коста Копач, сведокот на Специјалното јавно обвинителство кој се најде во листата на помилувани на претседателот Ѓорѓе Иванов,

„не ги одврати обвинителите денес да ја прослават првата жртва на нивното нелегално, непрофесионално и насилно функционирање.“

Не е направена атрибуција на ваквите тврдења, со што истите претставуваат коментирање и тоа на тековна истрага, што е во спротивност со неколку одредби од Кодексот на новинари. Поточно, прекршен е членот 13 со тоа што не се прави разлика меѓу фактите и мислењата и меѓу веста и коментарот.

Впрочем, текстот не содржи елементи кои може да се идентификуваат како факти, туку, напротив, едностраноста укажува на политичка пристрасност. Со тоа е прекршен членот 14 од новинарскиот Кодекс, бидејќи видно не е обезбедена професионална дистанца од политичките субјекти. Имплицирањето на наводно криминално и насилно работење без понудени докази за ваквите тврдења, укажува на прекршување на членот 15 од новинарскиот Кодекс, бидејќи евидентно е дека со неоснованите тврдења не се негува културата на говор и етика.

Смртта на Крпач се употребува за напад врз Специјалното јавно обвинителство и врз министерот за внатрешни работи од редовите на опозицијата. Информациите за случај под активна истрага се спинуваат за лична дискредитација, а тоа е евидентно во следниот пасус:

„Поради притисок од страна на обвинителите од СЈО и постојаното следење на Коста Крпач од страна на бандите во МВР под контрола на Оливер Спасовски, кои секојдневно вооружени му упаднале и го малтретирале пред сопругата и детето, тој денес си го одзема животот.“

Сензационалистичкиот елемент во ваквата форма на израз е во спротивност со уште еден професионален стандард:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. (член 8)

Во обид да се издржат дел од тврдењата во написот, се наведува неофицијален извор на информации:

„Како што дознаваме од неговите блиски, тој постојано бил следен и прислушуван, бил повикуван на разговори во СЈО каде што бил подолжен на тортура и притисоци, под уцена да даде лажен исказ за што против Катица Јанева има и кривична пријава.“

Сепак, и ваквата употреба на информации е непримерна и спротивна на Кодексот на новинарите, особено на следнава одредба:

Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост. (член 7)

Дополнително, но, не и помалку важно, во аголот на една од фотографиите со кои е илустриран текстот, вметнат е портрет од братот на Коста Крпач. Иако, тоа веројатно е направено од незнаење или од невнимание, секако претставува сериозен пропуст.  А тоа што истата грешка ја направија повеќе медиуми, сепак, не ја намалува одговорноста на порталот кој го пласира написот што е предмет на ова рецензија.

Сè на сè, имаме непрофесионална коментаторска објава која мршојадски пристапува кон непочитување на лична болка и жалост и преку коментари се обидува да создаде спин за дискредитација на Специјалното јавно обвинителство и опозициски министер. Невкусниот израз е дополнет со сензационализам, со што објавата претставува пример за достигнување ново дно во јавниот израз.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести