verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Демократија, а не шега – како во политиката, така и во новинарството

on 4 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #157 - 'Besa kundër Teutës; Zamiri kundër Ermirës; Fatoni kundër Norës,… I FAKTE_NET' - www_fakte_net_besa-kunder-teutes-zamir

Напис: Беса против Теута; Замир против Ермира; Фатон против Нора;…

Дека демократијата во нашата земја „цути“ е јасно како ден. Не е јасно само кој кого држи заложник, поединците – партијата, партијата – државата… или обратно? Кај албанската партија на власт, ДУИ, последните години се случуваат некои интересни феномени. Основачите на партијата се оддалечија од истата. Некои во други партии, некои формираа нова партија, некои се повлекоа целосно од политичката сцена. Има и такви што влез-излезот во ДУИ го направиле врз основа на дневниот интерес, пишува „Факте“.

Во секоја партија има и партиски функционери што имаат членови на семејство што не чекорат по истиот политички пат, но во ДУИ појавата на политичката спротивставеност на братот и на сестрата зема смешни размери.

Сестрата на заменик-претседателката на ДУИ и истовремено градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, почитуваната доцентка на УЈИЕ Беса Арифи, е една од најактивните против актуелниот режим ВМРО-ДУИ, било на социјалните мрежи, на телевизиските екрани или, пак, во антивладините протести. Таа беше во првите редови на протестите против загадувањето на воздухот во Тетово, на опозициските секојдневни протести во Скопје… дури и во емисијата „Аргумент“ на МТВ2, таа изјави дека „Решението не треба секогаш да го чекаме однадвор, ние треба да покажеме одговорност за да и се спротивставиме на една нелегитимна, нелегална и неморална власт“.

Браќата на пратеничките на ДУИ, Ермира Мехмети и Нора Алити, Замир Мехмети и Фатон Алити, секој си го одбрал својот начин за да им се спротивстави на политичките активности на ДУИ, а истовремено и на својата сестра.

Фатон беше избран на чело на ПДП, партијата на неговиот покоен татко Абдурахман Алити и кој со сите тешкотии, се обидува да го даде максимумот за уривање на владата ДУИ-ВМРО, додека пак, братот на Ермира, Замир, во првиот ред на опозицискиот протест, со мегафон во раце, секоја вечер бара паѓање на „диктатурата“, од која дел е и неговата сестра.

[Рецензија: Беса против Теута; Замир против Ермира; Фатон против Нора;…]

Еден куп коментари напишани во текст што би требало да биде „вест“ со сите тертипи. Вака би ја дефинирала оваа содржина што одлучивме да ја рецензираме. Во неа е направена една поврзаност меѓу луѓето, настаните и вистинските дејства, но собрани во форма на коментар, со субјективни квалификувања и процени. Ова не им доликува на написите што тврдат дека ја информираат јавноста.

 

Besa kundër Teutës Zamiri kundër Ermirës Fatoni kundër Norës … FAKTE.NETЛинк до оригиналниот напис: Беса против Теута; Замир против Ермира; Фатон против Нора;…

Датум и време на објавување: 24.04.2016

Датум на рецензирање: 24.04.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Редакцијата што го составила овој текст претендирала да посочи на раздорот и на недоследноста во внатрешноста на еден политички субјект, опишувајќи дејства на нивните членови, како и „неподдржувањето“ за некои функционери на ДУИ од нивните членови на семејството, кои протестираат против власта. Поточно, направена е една споредба за тоа како браќата и сестрите на неколку функционери на ДУИ, условно кажано, протестираат против своите браќа и сестри. Преку коментирачкиот напис на релации и на дејства, авторот насочува една критика кон целиот политички субјект.

.

„Дека демократијата во нашата земја „цути“ е јасно како ден. Не е јасно само кој кого држи заложник, поединците – партијата, партијата – државата… или обратно? Кај албанската партија на власт, ДУИ, последните години се случуваат некои интересни феномени. Основачите на партијата се оддалечија од истата. Некои во други партии, некои формираа нова партија, некои се повлекоа целосно од политичката сцена. Има и такви што влез-излезот во ДУИ го направиле врз основа на дневниот интерес.“

Сето ова е напишано со доза ирониjа и потсмев.

  • „Во секоја партија има и партиски функционери што имаат членови на семејство што не чекорат по истиот политички пат, но во ДУИ појавата на политичката спротивставеност на братот-сестрата зема смешни размери“
  • „Сестрата на заменик-претседателката на ДУИ и истовремено градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, почитуваната доцентка на УЈИЕ, Беса Арифи, е една од најактивните против актуелниот режим ВМРО-ДУИ, било на социјалните мрежи, на телевизиските екрани или, пак, во антивладините протести. Таа беше во првите редови на протестите против загадувањето на воздухот во Тетово, на опозициските секојдневни протести во Скопје… дури и во емисијата „Аргумент“ на МТВ2 таа изјави дека „Решението не треба секогаш да го чекаме однадвор, ние треба да покажеме одговорност за да се спротивставиме на една нелегитимна, нелегална и неморална власт“.
  • „Браќата на пратеничките на ДУИ, Ермира Мехмети и Нора Алити, Замир Мехмети и Фатон Алити, секој си го одбрал својот начин за да им се спротивстави на политичките активности на ДУИ, а истовремено и на својата сестра“.
  • „Фатон беше избран на чело на ПДП, партијата на неговиот покоен татко Абдурахман Алити и кој со сите тешкотии, се обидува да го даде максимумот за уривање на владата ДУИ-ВМРО, додека, пак, братот на Ермира, Замир, во првиот ред на опозицискиот протест, со мегафон во раце, секоја вечер бара паѓање на „диктатурата“, од која дел е и неговата сестра.“

Авторот напишал дека ова е Демократија, а не шега“.

Горе-долу, констатациите за овие разлики помеѓу споменатите браќа и сестри во оваа содржина се вистинити. Меѓутоа, начинот што е одбран за да се прикажат тие разлики го прави овој текст несоодветен за информативните рубрики.

Коментарите, квалификувањата, исмејувањата и иронијата требаше да бидат заменети со директни извори, изјаснувања од споменатите и со други елементи кои се неизбежни за една информативна содржина. Или, доколку редакцијата одбрала овој текст да го печати во делот на коментари или мислења, оваа содржина ќе имаше друга димензија и тежина. Секако, и тогаш некому немаше да му се допадне, меѓутоа, барем што се однесува на стандардите на новинарството, ќе беше многу посоодветна и легитимна, за разлика од сегашната форма.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести