Рецензии

Изедначувањето на ИД и на „Шарената револуција“ е надвор од здравиот ум

на 16. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Покрај од Бали, поддршка за „Протестирам“ стигна и од ИСИС]

  Текстот што е предмет на оваа анализа става знак на равенство помеѓу терористичката организација Исламска држава (ИД) и граѓанската иницијатива „Шарена револуција“. Иако, навидум, тој треба да биде сатиричен, сепак, воопшто не е ниту смешен ниту интересен. Фотографијата употребена во овој текст е монтирана, а написот  е објавен во категоријата „вести“ и никаде не е наведено дека е статирчен или невистинит материјал, што несомнено е направено со манипулативна цел. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Покрај од Бали, поддршка за „Протестирам“ стигна и од ИСИС Датум и време на објавување: 07.05.2016, 14:23 Датум на рецензирање: 13.05.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

 ИД  И „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ НЕ СЕ ИСТО

На

Ниту „е“ од етика!

на 16. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Ова е студентката која се породила на „Табановце“ и го фрлила бебето во контејнер]

  Проблемот кај овој напис се насловот и фотографијата употребени во него. Инаку, текстот не е спорен, се работи за коректно пренесен извештај од МВР за чедоморство, кое се случило за време на една апсолвентска екскурзија. Линк на оригиналниот напис: Ова е студентката која се породила на „Табановце“ и го фрлила бебето во контејнер
Датум и време на објавување:  Датум на рецензирање: 13.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЖИГОСУВАЊЕ

Каде е етичноста во овој напис, е првото прашање што се поставува кога медиумот одлучил да објави фотографија, наводно, од студентката која се породила и го фрлила своето бебе во контејнер. Прво, од каде му доказ на

Дискриминирачки текст, полн со говор на омраза

на 14. 05. 2016 | |

[Рецензија: ЦЕЛА ЛГБТ СО СДСМ: Протестите во Крива Паланка одбележани од претставници на ЛГБТ]

  Овој напис, кој во ниту еден сегмент не може да се нарече новинарски, е класичен пример за ширење дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална припадност. Дискриминацијата и говорот на омраза се кривично дело во Република Македонија. Линкуван наслов на анализираниот напис: ЦЕЛА ЛГБТ СО СДСМ: Протестите во Крива Паланка одбележани од претставници на ЛГБТ Датум и време на објавување: 09.05.2016 Датум на рецензирање: 13.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

БЛИКА ОД НЕТРПЕЛИВОСТ И ОД ОМРАЗА

Самиот наслов на текстот е дискриминирачки, а таквиот тон провејува низ целиот текст. Имено, написот наместо да информира за настанот, конкретно за „Шарената револуција“ во Крива Паланка, тој

„Факти“, каде се фактите?!

на 13. 05. 2016 | | sq

Напис: Скандал: Али Ахмети ја наредил судската одлука „за“ Весел Мемеди?

Разрешениот претседател на НДП, Весел Мемеди, денеска ја објави судската одлука од Основен суд Тетово според која, одлуката на централното собрание на оваа партија со која беше разрешен Весел Мемеди од позицијата претседател и на негово име беше избран Фадил Зендели, не е законска, известува „Факте“. Според судот во Тетово, централното собрание на НДП постапило правилно кога го одбрало Мемеди за претседател на партијата, но не и кога го разрешило затоа што тоа требало да го направи конгресот. Меѓутоа, „Факте“ денеска дозна дека за оваа чудна одлука на тетовскиот суд интервенирал самиот претседател на ДУИ, Али Ахмети, преку министерот за правда. Ахмети и Весели се видени синоќа седнати заедно,

Школски пример за дезинформирање

на 13. 05. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ призна дека немаат поддршка од народот и пак избега од избори]

  Текстот насловен „СДСМ призна дека немаат поддршка од народот и пак избега од избори“, преставува школски пример за тоа како се дезинформира јавноста. Овој материјал тврди дека СДСМ ги избегнува изборите поради нискиот рејтинг, а ја премолчува вистинската причина за оваа одлука, која лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја соопшти на прес-конференција на 6 април. Тогаш тој истакна дека нема да учествува на предвремените парламентарни избори  на 5 јуни бидејќи „ВМРО-ДПМНЕ го урива Договорот од Пржино, односно нема прочистен избирачки список, реформирани медиуми со што нема услови за фер и демократски избори“. Линк до оригиналниот наслов: СДСМ призна дека немаат поддршка од народот

Важна тема во вест со недостатоци

на 13. 05. 2016 | | sq

Напис: Кичево без знаме и со натписи на македонски

И покрај законот кој гласи дека албанскиот јазик е службен јазик во тие општини каде Албанците се повеќе од 20 проценти од населението, во локалите, приватните претпријатија и во објектите на јавните институции во Македонија, албанскиот јазик многу малку може да се види на нивните натписи. Најдрастичниот пример е во Кичево, општина водена од албанската партија на власт, известува дописникот на новинската агенција ИНА. Домот на културата во Кичево уште го носи името „Кочо Рацин“, а истото име не е напишано на албански јазик. Исто така, во оваа институција се вее само македонското знаме. (ИНА) [Рецензија: Кичево без знаме и со натписи на македонски] Веста што ја рецензираме отвора важни прашања,

Спинерска „патка“

на 13. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Таки Фити од СДСМ најавува дека ќе кратат плати]

  Ова е еден крајно манипулативен и спинерски текст, кој има цел да ја збуни јавноста и да создаде слика за тоа дека СДСМ, кога би дошoл на власт, би ги намалил платите на административците. Притоа, написот се повикува на изјава на професорот Таки Фити, претставувајќи го како член на СДСМ, иако тој изјавата ја дал во друга функција и конотација. Линк на оригиналниот напис: Таки Фити од СДСМ најавува дека ќе кратат плати Датум и време на објавување: 11.05.2016 Датум на рецензирање: 12.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕДОСТИГА НАЈВАЖНАТА КОЦКИЧКА ВО МОЗАИКОТ

Уште на самиот почеток од текстот, се гледа дека тој е политички мотивиран и пропагандистички. „Додека владејачката

Вулгарна сексистичка објава

на 12. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: К…ОНСКАТА КАМЕЊАРКА СЕ НАДМИНА СЕБЕСИ: ПРОФЕСОРКА ПО УСТАВНО ПРАВО КАРАКАМИШЕВА НЕМАЈЌИ ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ АРГУМЕНТИ НАПИША ВРАЧЕРСКА КОЛУМНА ПОЛНА СО ТЕРМИНИ КАКО ЛУЦИФЕР, САТАНА, ЈУДА, ПЕКОЛ, ПРЕДАВНИЦИ, ПЕТОКОЛОНАШИ, ИЗДАИЦИ ИТН ИТН…]

  Ова е дискриминаторска и сексистичка објава со вулгарен говор. Просто е несфатливо во  „текст“ од  само една реченица, како и во куриозитетниот наслов, што патем е подолг од самата објава, да се истурат толку многу навреди, гнев, па и омраза кон една личност. Без да навлегуваме во исправноста на гледиштата на споменатата професорка, начинот на кој се обраќа материјалот пред нас е недозволив. Линк до оригиналниот напис: К…ОНСКАТА КАМЕЊАРКА СЕ НАДМИНА СЕБЕСИ: ПРОФЕСОРКА ПО УСТАВНО ПРАВО КАРАКАМИШЕВА НЕМАЈЌИ ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ АРГУМЕНТИ НАПИША ВРАЧЕРСКА КОЛУМНА ПОЛНА СО ТЕРМИНИ КАКО ЛУЦИФЕР, САТАНА,

Текстот не ги гледа тепачите, а виде платеници!

на 12. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните?]

  Ова е едностран текст кој е политички мотивиран, односно има цел јавно да обележи и да жигоса политички неистомисленици. Линк на оригиналниот напис: Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните? Датум и време на објавување: 09.05.2016 Датум на рецензирање: 11.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЖИГОСУВАЊЕ

Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот имаме жигосување на активист на левичарското движење „Солидарност“, како „платеник и соросоид“. „Еден од соросовите платеници вчера се обиде да го злоупотреби и исполитизира скопскиот маратон со транспарент на кој беше испишана политичка порака. Ваквиот негов потег го поттикна

„Интелигенцијата“ на еден пратеник не ја одредува новинарот во веста

на 12. 05. 2016 | | sq

Напис: „Паметната Калтрина Азизи: Прво се поклони кај „бранителите“, сега кај паднатите борци!“

Поранешната пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи, денеска оддаде почит кај гробиштата на загинатите борци на ОНА. Таа, меѓу другото, на својот фејсбук-профил напишала дека хероите на ОНА ќе ја имаат најголемата можна почит што се пожртвуваа за татковината. „Денеска, на овој значаен ден, 5 мај, понизно се присетуваме на пожртвуваноста на сите паднати борци за татковината. И додека зборуваме, размислуваме уште колку работа ни е преостаната за да го исполниме нивниот завет. Слава, на народните херои, нивното име и нивното дело“, напишала Азизи. Ако се прашувате, таа е истата онаа Калтрина Азизи, која пред две години се поклони пред споменикот на „бранителите“ Македонци, иако е од село