verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Важна тема во вест со недостатоци

on 13 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #186 - 'Kërçova pa flamur dhe me mbishkrime maqedonisht I Iliria News Agency' - ina-online_net_kercova-pa-flamur-dhe-me-mbishk

Напис: Кичево без знаме и со натписи на македонски

И покрај законот кој гласи дека албанскиот јазик е службен јазик во тие општини каде Албанците се повеќе од 20 проценти од населението, во локалите, приватните претпријатија и во објектите на јавните институции во Македонија, албанскиот јазик многу малку може да се види на нивните натписи.

Најдрастичниот пример е во Кичево, општина водена од албанската партија на власт, известува дописникот на новинската агенција ИНА.

Домот на културата во Кичево уште го носи името „Кочо Рацин“, а истото име не е напишано на албански јазик. Исто така, во оваа институција се вее само македонското знаме. (ИНА)

[Рецензија: Кичево без знаме и со натписи на македонски]

Веста што ја рецензираме отвора важни прашања, особено за албанскиот народ, но и за јавноста воопшто во Македонија. Можеби, читајќи меѓу редови, некој текстот може да го оцени како тенденциозен, меѓутоа, над сè, станува збор за прекршување на Уставот на Република Македонија и на законската регулатива за употребата на албанскиот јазик и на албанското знаме. Тоа што не чини во веста, првин е нејзиниот редослед. Авторот го почнал текстот со уставното прекршување, додека главната информација во содржина е задоцнета, кажувајќи ѝ на јавноста за тоа што се случило дури на крајот од текстот.

Новинарот ја објаснил добро уставната категорија, меѓутоа ова не е сè. Во овој случај, законот е основа на веста. Новинарот, според закон, требало да побара став од страна на градоначалникот, за тој да се изјасни во врска со недостигот на натписи на албански јазик и непоставувањето на албанското знаме во јавните институции.

Друг пропуст е тоа што авторот изразил еден вид етноцентризам во текстот, не прашувајќи за непоставувањето на албанското знаме, туку само пријавувајќи дека во споменатиот објект е само државното знаме, што не е нешто што треба да биде проблематизирано.

„И покрај законот кој гласи дека албанскиот јазик е службен јазик во тие општини каде Албанците се повеќе од 20 проценти од населението, во локалите, приватните претпријатија и во објектите на јавните институции во Македонија, албанскиот јазик многу малку може да се види на нивните натписи“.

Kërçova pa flamur dhe me mbishkrime maqedonisht screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Кичево без знаме и со натписи на македонски”


Датум и време на објавување:
03.05.2016


Датум на рецензирање:
04.05.2016


Рецензент:
Адриан Керими

Содржината не разјаснува како се прекршени законот и Уставот и, покрај тоа, не носи факти и релевантни докази. Во текстот се вели дека станува збор за Домот на културата „Кочо Рацин“, меѓутоа ова не се докажува јасно преку фотографиите, кои се неадекватни и со низок квалитет.

Кога сме кај фотографијата, токму тука е поставен акцентот на спинот (вртење на веста во друга насока). На фотографијата се гледа претседателот на ДР-ДПА, што нè упатува на заклучок дека текстот заедно со фотографијата и моделот на веста, имаат политичка заднина, можеби и политички интерес.

„Најдрастичниот пример е во Кичево, општина водена од албанската партија на власт, известува дописникот на новинската агенција ИНА. Домот на културата во Кичево уште го носи името „Кочо Рацин“, а истото име не е напишано на албански јазик. Исто така, во оваа институција се вее само македонското знаме.“

Доколку авторот навистина се загрижил за тоа зошто не е поставено албанското знаме, тогаш ќе го артикулираше ова на попрофесионален начин, барајќи и официјални ставови, првин од градоначалникот на Кичево, а потоа и од директорот на Домот на културата, и, покрај тоа, ќе беше во ред да се рефлектира и граѓанскиот аспект, значи да направеше една анкета, која би ги вклучила граѓаните Албанци, но и тие од другите заедници, и ќе го отсликаше нивниот став во врска со овој случај.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

Не може да се исклучи можноста

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

Не може да се исклучи

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести