verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Школски пример за дезинформирање

on 13 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

anketi

[Рецензија: СДСМ призна дека немаат поддршка од народот и пак избега од избори]

 

Текстот насловен „СДСМ призна дека немаат поддршка од народот и пак избега од избори“, преставува школски пример за тоа како се дезинформира јавноста. Овој материјал тврди дека СДСМ ги избегнува изборите поради нискиот рејтинг, а ја премолчува вистинската причина за оваа одлука, која лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја соопшти на прес-конференција на 6 април. Тогаш тој истакна дека нема да учествува на предвремените парламентарни избори  на 5 јуни бидејќи „ВМРО-ДПМНЕ го урива Договорот од Пржино, односно нема прочистен избирачки список, реформирани медиуми со што нема услови за фер и демократски избори“.

rejtingЛинк до оригиналниот наслов: СДСМ призна дека немаат поддршка од народот и пак избега од избори

Датум и време на објавување: 12.05.2016

Датум на рецензија: 12.05.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ПРОИЗВОЛНИ ОЦЕНКИ

Написот се повикува на анкети на „релевантни институции“ и без да посочи конкретно за кои агенции се работи,  тврди дека тие, наводно,  „му воочиле на Заев дека следните избори, кога и да бидат, ќе значат и десетти пораз за нив“.  И ова се наведува како „главна“ причина зошто СДСМ нема да учествува на изборите, што е деизнформација и одвлекување на вниманието на јавноста од главните причини за неучество на опозицијата на избори. Неучеството на избори, пак, само по себе не значи признавање на отсуство на поддршка од народот, туку во конкретниот случај е израз на недоверба кон институциите дека во моментот можат да спроведат фер и демократски избори.

Потоа, претставувајќи ги резултатите од ваквите „мистериозни“ истражувања на јавнотро мислење како стопроцентно точни и релевантни, текстот дава произволни толкувања за рејтинзите на двете партии (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), воспевајќи ја притоа владејачката партија.

„На тој начин, граѓаните го осудија мрачното сценарио и деструктивното однесување на СДСМ. Од друга страна, рејтингот на владејачката партија се уште е најголем и расте. Народот искажува доверба на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во таа партија ја препозна  и поддржа патриотската политика и економијата која дава огромни резултати.“

За да се засили впечатокот дека ВМРО-ДПМНЕ ужива огромна поддршка меѓу народот, на помош се повикуваат и „виртуелни“ експертски мислења. Се разбира, овие неименувани аналитичари воопшто не се изненадени од „резултатите“ на анкетите и прогнозираат:

„…дека СДСМ нема ниту да се доближи до високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ ниту на среден рок, а многу е веројатно дека тоа нема да се случи ниту на долг рок“,

иако прилично дискутабилно е колку може една анкета да биде репер за популарноста што ја ужива некоја политичка партија. А, практиката покажа и дека резултатите од релевантните анкети многу различно се читаат, во зависнот од симаптиите или наклонетоста на одредени медиумите кон некоја политичка опција. Постојат примери, кога исти резултати од релевантна агенција биле различно толкувани, во зависност од која страна „дувал ветрот“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести