verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Факти“, каде се фактите?!

on 13 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #189 - 'SKANDAL_ Ali Ahmeti ka urdhëruar vendimin e gjykatës “Pro” Vesel Memedit_ I FAKTE_NET' - www_fakte_net_skandal-ali-ahm

Напис: Скандал: Али Ахмети ја наредил судската одлука „за“ Весел Мемеди?

Разрешениот претседател на НДП, Весел Мемеди, денеска ја објави судската одлука од Основен суд Тетово според која, одлуката на централното собрание на оваа партија со која беше разрешен Весел Мемеди од позицијата претседател и на негово име беше избран Фадил Зендели, не е законска, известува „Факте“. Според судот во Тетово, централното собрание на НДП постапило правилно кога го одбрало Мемеди за претседател на партијата, но не и кога го разрешило затоа што тоа требало да го направи конгресот.

Меѓутоа, „Факте“ денеска дозна дека за оваа чудна одлука на тетовскиот суд интервенирал самиот претседател на ДУИ, Али Ахмети, преку министерот за правда. Ахмети и Весели се видени синоќа седнати заедно, минувајќи среќни моменти во ректоратот на Тетовскиот универзитет, за време на еден настан.

Инаку, како последица на конечните ставови на Весел Мемеди против соработката на албанската опозиција, органите на оваа партија го разрешија него и го именуваа Фадил Зендели. По ова, експретседателот одби да ги предаде печатите на партијата и во меѓувреме продолжи со зголемен интензитет да се појавува во придружба на претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села, со исклучок на вчерашниот настан кога беше во друштво на Али Ахмети.

[Рецензија: Скандал: Али Ахмети ја наредил судската одлука „ЗА” Весел Мемеди?]

Обвиненијата, иако не му припаѓа правото на новинарот да ги прави кон едно или повеќе лица, се вклучени во текстот што го рецензираме. Една вест од овој модел, во недостиг од факти, има основа да се третира како клевета. Тоа што се вели во написот може да е вистина, но тоа не се докажува во неговата содржина. Ако авторот има информација за еден ваков скандал, ова треба да се потврди со релевантни докази, иако во ваков случај тоа е многу тешко.

„Разрешениот претседател на НДП, Весел Мемеди, денеска ја објави судската одлука од Основен суд Тетово според која, одлуката на централното собрание на оваа партија со која беше разрешен Весел Мемеди од позицијата претседател и на негово место беше избран Фадил Зендели, не е законска, известува „Факте“…“

Редакцијата се повикува на тоа што го дознала, но во текстот нема ниту еден единствен доказ, било тоа да е материјален доказ или дури и анонимна изјава за го докаже тоа што го кажува. Како мислеле јавноста да поверува на ваква недокажана и непотврдена информација? Вакво дело може да се смета за загрозување на интегритетот на споменатите ликови.

Ако од „Факте“ дознале дека Али Ахмети интервенирал за Весел Мемеди да го добие судскиот спор, тогаш каде се фактите?! Ваква информација, освен тоа што го спомнавме погоре, е и напад врз судот и врз судијата што ја делел правдата во овој случај.

Доколку авторот има таква информација, тогаш веста не е дека Весел Мемеди го добил судскиот спор, туку како го добил. Овде е потребно изјаснување од самите спомнати лица, лицето Али Ахмети, судот и од судијата што постапил по овој предмет.

„Меѓутоа, „Факте“ денеска дозна дека за оваа чудна одлука на тетовскиот суд интервенирал самиот претседател на ДУИ, Али Ахмети, преку министерот за правда. Ахмети и Весели се видени синоќа седнати заедно, минувајќи среќни моменти во ректоратот на Тетовскиот универзитет, за време на еден настан.

SKANDAL Ali Ahmeti ka urdhëruar vendimin e gjykatës screenshot
Линк до оригиналниот напис: „Скандал: Али Ахмети ја наредил судската одлука „ЗА” Весел Мемеди?”

Датум и време на објавување: 05.05.2016

Датум на рецензирање: 06.05.2016

Рецензент: Адриан Керими

Фактот дека овие двајца се видени заедно, близу еден до друг, не алудира само на тоа што го вели новинарот. Можеби средбата била надвор од партиските убедувања. И самиот автор признава дека средбата се случила „во ректоратот на тетовскиот Универзитет за време на еден тамошен настан“.

„Инаку, како последица на конечните ставови на Весел Мемеди против соработката на албанската опозиција, органите на оваа партија го разрешија него и го именуваа Фадил Зендели. По ова, експретседателот одби да ги предаде печатите на партијата и во меѓувреме продолжи со зголемен интензитет да се појавува во придружба на претседателот на ДР-ДПА, Зиадин Села, со исклучок на вчерашниот настан кога беше во друштво на Али Ахмети.“

Темата на веста е прашање што допира или засегнува многу страни. Како што може да се забележи, во текстот се спомнати и неколку други имиња и, особено, сегашниот претседател на НДП, чиј став е повеќе од потребен, особено по оваа судска одлука и по информацијата дека Али Ахмети можеби влијаел за Весел Мемеди да го добие случајот. Тоа што требало да се направи во овој случај, врз основа на начелата на професионалното новинарство, е да се побара став од страните вклучени во текстот. Отсуството на нивниот став ја прави содржината еднострана и тенденциозна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

Не се потврдени

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Недостигаат елементи

Постои обид

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

Несоодветна за „Скандалот“

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести