verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дискриминирачки текст, полн со говор на омраза

on 14 - 05 - 2016       

Untitled

[Рецензија: ЦЕЛА ЛГБТ СО СДСМ: Протестите во Крива Паланка одбележани од претставници на ЛГБТ]

 

Овој напис, кој во ниту еден сегмент не може да се нарече новинарски, е класичен пример за ширење дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална припадност. Дискриминацијата и говорот на омраза се кривично дело во Република Македонија.

ЦЕЛА ЛГБТ СО СДСМ Протестите во Крива Паланка одбележани од претставници на ЛГБТ iNFOMAX.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: ЦЕЛА ЛГБТ СО СДСМ: Протестите во Крива Паланка одбележани од претставници на ЛГБТ

Датум и време на објавување: 09.05.2016

Датум на рецензирање: 13.05.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

БЛИКА ОД НЕТРПЕЛИВОСТ И ОД ОМРАЗА

Самиот наслов на текстот е дискриминирачки, а таквиот тон провејува низ целиот текст. Имено, написот наместо да информира за настанот, конкретно за „Шарената револуција“ во Крива Паланка, тој на читателите им нуди жигосување на учесниците на протестот, обележувајќи ги како ЛГБТ-популација.

„Дека сите припадници на ЛГБТ заедницата се дел од „шарените“ се потврди и денес на собирот на 100-тината демонстранти кои излегоа на улиците на Крива Паланка, генерално пензионери над 70 години, деца на криминалните директори од транизицијата на СДСМ кои ги турнаа фабриките во стечај и оставија 300.000 луѓе на улица, и неколку познати членови на ЛГБТ заедницата меѓу кои и еден за кој во Крива Паланка се шпекулира дека е љубовник на зам.техничкиот министер Љупчо Николовски.“

Во овој дел од текстот се вперува прст кон заменик-минситерот за земјоделство, Љупчо Николовски, и се тврди дека е хомосексуалец, а всушност нема никакви докази за тоа. Дури и да има, сексуалната припадност на која било личност воопшто не е предмет на интересирање за пошироката публика, особено зашто тоа е право на избор на секој граѓанин, загарантирано со Уставот на Република Македонија.

Тука е прекршен членот 10 од Кодексот за новинари во кој јасно се наведува дека:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

 

„ХОМОСЕКСУАЛЦИ, БОТОВИ, СОСРОСОИДИ, КРИМИНАЛЦИ…“

Исто така, за учесниците на протестот се користат квалификации од типот „деца на криминални директори од транзицијата на СДСМ“. Кои се тие директори и деца? И каде се доказите за тоа дека сториле криминал? Очигледно е дека написот е политички мотивиран и има цел да го оцрнува опозицискиот СДСМ.

„Освен овие двајца, поддршка за СДСМ и соросоидните ботови дојде и од Љуми, позната маженце кое се чувствува како девојка, а на протестите се користи наместо сирена, бидејќи многу вреска.“

Тука имаме говор на омраза и квалификации од типот „соросоидни ботови“ и „маженце“. Намерата е да се нападне и навреди граѓанскиот активист Љуми Бекири, кој е гласноговорник против политиките на власта.

Овој напис не може да се нарече новинарски бидејќи прекршува неколку новинарски стандарди и правила. Прво и основно, текстот не содржи вест, а уште помалку ги содржи другите елементи кои еден новинарски напис треба да ги има.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести