verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинерска „патка“

on 13 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Таки Фити од СДСМ најавува дека ќе кр_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_t

[Рецензија: Таки Фити од СДСМ најавува дека ќе кратат плати]

 

Ова е еден крајно манипулативен и спинерски текст, кој има цел да ја збуни јавноста и да создаде слика за тоа дека СДСМ, кога би дошoл на власт, би ги намалил платите на административците. Притоа, написот се повикува на изјава на професорот Таки Фити, претставувајќи го како член на СДСМ, иако тој изјавата ја дал во друга функција и конотација.

Таки Фити од СДСМ најавува дека ќе кратат плати Kurir.mkЛинк на оригиналниот напис: Таки Фити од СДСМ најавува дека ќе кратат плати

Датум и време на објавување: 11.05.2016

Датум на рецензирање: 12.05.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕДОСТИГА НАЈВАЖНАТА КОЦКИЧКА ВО МОЗАИКОТ

Уште на самиот почеток од текстот, се гледа дека тој е политички мотивиран и пропагандистички.

„Додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ се бори за секое работно место, намалување на невработеноста и нови инвестиции, од СДСМ уште од сега најавуваат дека ќе кратат плати.“

Подолу во написот имаме пренесена изјава на Таки Фити, но, веројатно, намерно е премолчена неговата сегашна функција и наменски е претставен како член на една поранешните влади предводени од СДСМ.

„Поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ, но и член на партискиот совет за економија на СДСМ објавен уште во 2011 година, Таки Фити, вели дека јавната администрација е огромна буџетска ставка и оти нивните плати нема да растат, туку напротив, ќе се намалуваат.“

Она клучното што недостига во овој текст, е дека Фити сега е претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и дека тој оваа изјава ја дал во функција на експерт, на академик и на прв човек на највисоката научна институција во земјава.

Она што, исто така, е важно да се напомене во оваа рецензија, е дека станува збор за вест и за изјава од 6 мај, која академикот Фити ја дал во рамки на научната расправа која се одржа во МАНУ, насловена „Република Македонија на патот кон ЕУ 2020 година, искуства, предизвици и перспективи“.

„Дали намалувањето на платите е најновата мерка на СДСМ и лидерот на опозицијата Зоран Заев, откако ја втурнаа државата во голема криза?“

Во овој дел од текстот, всушност, се крие намерата на спинот, а тоа е дека ако СДСМ дојде на власт, ќе ги намали платите во администрацијата, што нема никаква врска со вистината, имајќи предвид дека социјалдемократите сè уште немаат објавено програма за избори ниту, пак, досега (13 мај 2016 г.), најавиле дека имаат намера да предложат ваква мерка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести