Ниту „е“ од етика!
Објавено во Рецензии
on 16 - 05 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Ова е студентката која се породила на „Табановце“ и го фрлила бебето во контејнер]
Проблемот кај овој напис се насловот и фотографијата употребени во него. Инаку, текстот не е спорен, се работи за коректно пренесен извештај од МВР за чедоморство, кое се случило за време на една апсолвентска екскурзија.
Линк на оригиналниот напис: Ова е студентката која се породила на „Табановце“ и го фрлила бебето во контејнер
Датум и време на објавување:
Датум на рецензирање: 13.05.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ЖИГОСУВАЊЕ
Каде е етичноста во овој напис, е првото прашање што се поставува кога медиумот одлучил да објави фотографија, наводно, од студентката која се породила и го фрлила своето бебе во контејнер. Прво, од каде му доказ на медиумот дека токму таа е девојката, кога во извештајот од МВР има само нејзини иницијали.
Дури и да е точно дека фотографијата ѝ припаѓа на студентката за која се пишува, не е етично таа да се објавува, од причина што на тој начин се врши директно вперување на прстот во неа и нејзино јавно жигосување. Друг проблем би настанал и кога би се утврдило дека на фотографијата е друга девојка.
Понатаму, ставен е бомбастичен наслов, кој има цел да го привлече веднаш вниманието на јавноста, која сигурно нема да остане индиферентна на ваква вест.
Кодексот за новинари налага информирањето да биде ослободено од сензационализам, при што во членот 15 е децидно наведено дека
новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Но, за жал, во овој напис нема ниту „е“ од етика.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови