Рецензии

Обожување и омраза!

на 20. 05. 2016 | | sq

Напис: Мендух Тачи се наоѓа во тешка ситуација, не знае на чија страна да биде?!

Претседателот Мендух Тачи уште не излегол со јасен став за тоа дали ќе учествува на изборите од 5 јуни. Се дознава дека Тачи е во голема мака, бидејќи од една страна се наоѓа под силен притисок на меѓународната дипломатија, а од друга страна не сака да ги расипе одличните односи со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Никола Груевски и со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува „Журнал“. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, цели 20 години беше симбол на националниот отпор за поголеми права за Албанците што живеат во Македонија. Мендух Тачи беше активист за албанската национална кауза во времето по распаѓањето на поранешна Југославија и се

Тензично новинарството поради политички пропаганди

на 20. 05. 2016 | | sq

Напис: Се затегнува ситуацијата во Диво Насеље, по доаѓањето на Зијадин Села

Иако Советот на Диво Насеље се изјасна против политизирање на одбележувањето на првата годишнина на кумановскиот конфликт, сепак пред неколку минути таму пристигнал претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села. Неговото доаѓање предизвикало тензии и незадоволство во Диво Насеље, бидејќи сметаат дека маршот е злоупотребен од една група луѓе кои се блиски до министерот за внатрешни, Митко Чавков.

[Рецензија: Се затегнува ситуацијата во Диво Насеље, по доаѓањето на Зијадин Села]

Неосновани обвиненија. Класично дезинформирање. Вест без структура. Сето ова во еден текст од 3-4 редови што придонесува за дезориентација на јавноста. Овој текст може да се земе како пример за да се покаже како функционира намерната манипулација со јавноста во

Навредлив коментар „обландиран“ како вест

на 19. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Шерифите на Заев и Спасовски се однесуваат како за нив да не постои закон!]

  Едностран, коментаторски и недоличен текст кој е објавен во категоријата „вести“ и кој се заснова само на непроверени шпекулации, кои имаат цел да oцрнат некои личности. Како поткрепа на искажаните обвинувања во материјалот има само една фотографија, која не докажува ама баш ништо конкретно. Написот е политички пристрасен, полн со коментари и со навредливи епитети (шериф, сељак, исфрустриран, искомплексиран), недозволиви за еден новинарски материјал. Текстот е преземен од друг медиум, но тоа е соопштено на крајот на текстот во последната реченица. Линк до оригиналниот напис: Шерифите на Заев и Спасовски се однесуваат како за нив да не постои закон! Датум и време

Вест со кратки нозе

на 19. 05. 2016 | | sq

Напис: Тачи оди на избори на 5 јуни!?

Новинската агенција „Журнал“ неофицијално дознава дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ќе учествува на изборите на 5 јуни. Претседателот Тачи во овие часови тактизира и го подготвил списокот за пратеници на оваа партија кој ќе го достави пет минути пред полноќ кога се очекува да помине рокот. Целата координација се прави со членот на ДИК, Бедредин Ибраими. Ова е сценариото кое го спрема Мендух Тачи за да се легитимираат изборите во Македонија и да му излезе на помош на поранешниот македонски премиер, Груевски, и на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. „Журнал“ дознава дека ова е најможното сценарио, а не се исклучува и можноста ДПА да не учествува на изборите на

Текст погоден од астероид!

на 19. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Астериод ќе не погоди на 16 мај, а светската војна ќе почне во јуни]

  Текстот предизвикува вчудовиденост и реакции од типот „Што сè нема во медиумите“!  А тoa што во моментот ја читате оваа рецензија значи дека сте меѓу среќниците што го преживеале падот на астероидот! Линк до оригиналниот напис: Астериод ќе не погоди на 16 мај, а светската војна ќе почне во јуни Датум и време на објавување: 14.05.2016, 13:06 Датум на рецензирање: 17.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПЕРУАНСКИОТ ПРАВНИК И АСТРОНОМИЈАТА

Овој напис е пишуван и пласиран во сензационалситички манир. Тој уште во насловот ни соопштува дека сигурно ќе нè погоди астероид  и дека светска војна ќе почне во јуни!  Неговата единствена цел  е да привлече

Гол маж висел од зграда, ама не во Гостивар

на 19. 05. 2016 | | sq

[Рецензија:  Гол маж висеше од зградата во Гостивар (галерија)]

  Оваа кратка фото-вест е невистинита, односно невистина е дека настанот опишан преку фотографијата се случил во Гостивар. Линк на оригиналниот напис: Гол маж висеше од зградата во Гостивар (галерија) Датум и време на објавување: 16.05.2016 Датум на рецензирање: 17.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЛАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Интересно е кога ќе прочитате дека гол маж висел од зграда во Гостивар. „Како што обично бива, швалерот в кревет, мажот на врата, швалерот – низ прозорец. Но, тешко е да се побегне од повисоките спратови, а во тао се увери овој Гостиварец!“ Уште и ако сте од Гостивар, веројатно ќе се потрудите да откриете кој е швалерот што се нашол во непријатна ситуација и

Ништо од веста, само претпоставки

на 19. 05. 2016 | | sq

Напис: Протестот завршува прерано поради тензиите меѓу активистите на Беса

Денешниот протест завршил порано од планираното поради тензиите кои се појавиле кај протестантите, поради оневозможувањето на едно одредено лице да држи говор. Организаторите му дадоа збор само на Ким Мехмети и на Беса како опозициски совет, и на никој друг, иако било планирано и други да држат говор. Протестот заврши и поради тоа што „Шарената револуција“ ги чекаше своите протестанти да се вратат во нивниот протест.  

[Рецензија:Протестот завршува прерано поради тензиите меѓу активистите на Беса]

Доволни се само неколку редови за да се разбере аматеризмот на дел од содржините на интернет-медиумите. Во последно време зголемен  е бројот на тие што претендираат дека прават новинарство на веб-просторот, но без да

Кредибилитет се стекнува со потврдени вести, а не со написи „во магла“

на 19. 05. 2016 | | sq

Напис: Скандалозно: Мендух Тачи да го земе Садики на испитување за „скандалот“ на неговиот возач!

Друг скандал ја потресе општина Студеничани. Како што најави Агенцијата на вести Журнал пред неколку денови, овој пат оваа општина се потресе поради тоа што возачот на Општина Студеничани, e уапсен во Франција од страна на Француската Полиција за незаконски дела.

ШОФЕРОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САДИКИ СЕ НАОЃА ВО ЗАТВОР ВО ФРАНЦИЈА, ЗЕМА МЕСЕЧНА ПЛАТА ОД ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ!?

Журнал од сигурни извори дозна дека се работи за шоферот со иницијали Р. С. кој е роднина на градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садики. Споменатиот возач пред неколку месеци отишол во Франција, меѓутоа поради едно кривично дело што го извршил на територија на Франција, тој беше уапсен од

Светски заговор против ВМРО-ДПМНЕ!

на 18. 05. 2016 | |

[Рецезија:СДСМ, Сорос и албанските радикали лицитираат со државата: Федерализација на македонија во три фази]

  Овој напис прави негативна кампања против измислениот непријател. Притоа, тој непријател се пронаоѓа во домашната опозиција, албанските партии, меѓунардоднатa заедница, граѓанските организации, новинари, интелектуалци… И, како под дејство на халуцинациногени тревки, се развива приказната за светски заговор, кој на внатрешна политичка сцена успеал да пронајде следбеници за разнебитување и за уништување на македонската држава!
Во отворениот спин, ширење страв и повик на мобилизација меѓу граѓаните, потикнување на  идеолошко-партиска и меѓуетничка нетолеранција,  како единствениот спас и излез од кризата без алтернатива се нуди само една политичка опција, онаа која ја застапува ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до оригиналниот напис: СДСМ, Сорос и албанските радикали лицитираат со државата: Федерализација на

Хаотична монтажа на „атракции“

на 18. 05. 2016 | |

[Рецензија: ГРЧЕВ ВО ШОПИНГ АКЦИЈА: Човекот кој ја негира Македонската нација, купува креч и бои за молеро-фарбарската револуција!]

  Врзувањето на одредени личности за „Шарената револуција“ се чини e мода во некои наши пишувани и снимени прилози. Во случајот се работи за архитектот Мирослав Грчев, кој, наводно, е фатен како купува боја, која потоа им служи на демонстрантите во Скопје да бојосуваат сегменти од проектот „Скопје 2014“. Еминентен архитект и „уништувачки акции“ врз градби! Каков спој! Линк до оригиналниот напис: ГРЧЕВ ВО ШОПИНГ АКЦИЈА: Човекот кој ја негира Македонската нација, купува креч и бои за молеро-фарбарската револуција Датум и време на објавување: 10.05.2016 Датум на рецензирање: 17.05.2016 Рецензент: Љубомир Костовски  

ВЕСТА ДА ЈА БАРАШ СО „БОРИНА“

„Таканаречената молеро-фарбарска „револуција“