verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Обожување и омраза!

on 20 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #198 - 'Menduh Thaçi gjendet në situatë të rrëndë, nuk di se me cilën anë të mbahet_!' - www_zhurnal_mk_content__id=1651094233

Напис: Мендух Тачи се наоѓа во тешка ситуација, не знае на чија страна да биде?!

Претседателот Мендух Тачи уште не излегол со јасен став за тоа дали ќе учествува на изборите од 5 јуни. Се дознава дека Тачи е во голема мака, бидејќи од една страна се наоѓа под силен притисок на меѓународната дипломатија, а од друга страна не сака да ги расипе одличните односи со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Никола Груевски и со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува „Журнал“.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, цели 20 години беше симбол на националниот отпор за поголеми права за Албанците што живеат во Македонија.

Мендух Тачи беше активист за албанската национална кауза во времето по распаѓањето на поранешна Југославија и се бореше за еднаквост на Албанците со Македонците во Македонија.

За неговиот политички ангажман, Мендух Тачи често беше обвинуван од неговите политички противници дека ДПА е формирана од тајните служби на Македонија.

Но, Тачи со псевдонимот добиен од ВМРО, „војвода“, остана единствениот херој кој во Собранието пред неколку години ги нарече раководителите на СДСМ мали четничиња.

Мендух Тачи со неговиот живот и активност, беше една голема личност на нашата национална политичка историја.

Меѓутоа, последниот разговор објавен од страна на македонската опозиција, каде што се слуша Тачи дека до смрт ќе му остане верен на шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, ги става под прашалник националните идеали на Тачи, кои ги промовирал лажно цели 20 години во Македонија.

Се зборува дека Тачи и за полициската акција во тетовски Бродец изјавил дека до смрт е со ВМРО-ДПМНЕ и со шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

 

[Рецензија: Мендух Тачи се наоѓа во тешка ситуација, не знае на чија страна да биде?!]

Класичен модел кој потврдува дека новинарот немал идеја од каде да ја почне веста! Можеби текстот е почнат со намера да биде мислење, меѓутоа ненамерно и поради недостиг од професионалност, завршил како „вест“. Наводниците се поради фактот што нема ниту еден единствен елемент поради кој овој текст може така да се нарече.

Јасно се гледа дека авторот не можел да ги менаџира емоциите. Колку што покажал обожување кон Мендух Тачи, двојно повеќе покажал и омраза. Текстот почнува со „информацијата“ дека споменатиот нема јасен став за тоа дали ќе учествува на избори или не. Почитуван, зошто си новинар? Прашај и потврдувај. Тоа е едноставно.

„Претседателот Мендух Тачи уште не излегол со јасен став за тоа дали ќе учествува на изборите од 5 јуни. Се дознава дека Тачи е на голема мака, бидејќи од една страна се наоѓа под силен притисок на меѓународната дипломатија, а од друга страна не сака да ги расипе одличните односи со ВМРО-ДПМНЕ,  лидерот Никола Груевски и со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков…“

Доколку веста е за тоа дека Тачи нема став, тогаш станува збор за нешто актуелно. Но, која е потребата за заднината што следува? Освен тоа, која е потребата на таквото обожување, за тој да биде наречен „симбол на отпорот“ и за да биде сметан за важна личност на националната историја? Сите овие се информации за некој профил каде би се анализирала дејноста на овој политичар, но не и за вест, поврзувајќи се и со „носечкиот факт“ дека Тачи нема став за изборите.

„Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, цели 20 години бил симбол на националниот отпор за поголеми права за Албанците што живеат во Македонија. Мендух Тачи беше активист за албанската национална кауза во времето по распаѓањето на поранешна Југославија и се бореше за еднаквост на Албанците со Македонците во Македонија. За неговиот политички ангажман, Мендух Тачи често беше обвинуван од неговите политички противници дека ДПА е формирана од тајните служби на Македонија. Но, Тачи, со псевдонимот добиен од ВМРО, „војвода“, остана единствениот херој кој во Собранието пред неколку години ги нарече раководителите на СДСМ мали четничиња. Мендух Тачи со неговиот живот и активност, беше една голема личност на нашата национална политичка историја“.

Menduh Thaçi gjendet në situatë të rrëndë screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Мендух Тачи се наоѓа во тешка ситуација, не знае на чија страна да биде?!”

Датум и време на објавување: 10.05.2016

Датум на рецензирање: 12.05.2016

Рецензент: Адриан Керими

Заврши медот, дали сакате кал? Вака е полесно да се опише трансформацијата на новинарот од еден обожувач на Тачи (во овој текст), во една личност што сака да ги каже во очи некои работи, преповторени во последно време од многу аналитичари, кои јавноста нема потреба да ги чита во делот на вести, особено не во ваква форма.

„Меѓутоа, последниот разговор објавен од страна на македонската опозиција, каде што се слуша Тачи дека до смрт ќе му остане верен на шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, ги става под прашалник националните идеали на Тачи кои ги промовирал лажно цели 20 години во Македонија. Се зборува дека Тачи и за полициската акција во тетовски Бродец изјавил дека до смрт е со ВМРО-ДПМНЕ и со шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков“.

За да не се навлезе подлабоко во ова „дело“, најмалку што вреди е на авторот и на редакцијата да им напоменеме дека Етичкиот кодекс на новинарите во овој случај е прекршен во најмалку три точки. Првата, авторот прави коментар, а не вест. Втората, личните ставови авторот сака да ги пренесе како факти. И трета, не побарал став од ликот на кој се однесува текстот, што е важно и, над сè, е начело на професионалното новинарство, дека тој што се спомнува во текстот, мора во секој случај да се побара и да се пренесе и неговиот став, бидејќи тој, со или без намера, е засегната страна во текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Авторот коментира

точни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести