Тензично новинарството поради политички пропаганди
Објавено во Рецензии
on 20 - 05 - 2016 Автор: Xhenis SulimaniНапис: Се затегнува ситуацијата во Диво Насеље, по доаѓањето на Зијадин Села
Иако Советот на Диво Насеље се изјасна против политизирање на одбележувањето на првата годишнина на кумановскиот конфликт, сепак пред неколку минути таму пристигнал претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села. Неговото доаѓање предизвикало тензии и незадоволство во Диво Насеље, бидејќи сметаат дека маршот е злоупотребен од една група луѓе кои се блиски до министерот за внатрешни, Митко Чавков.
[Рецензија: Се затегнува ситуацијата во Диво Насеље, по доаѓањето на Зијадин Села]
Неосновани обвиненија. Класично дезинформирање. Вест без структура. Сето ова во еден текст од 3-4 редови што придонесува за дезориентација на јавноста. Овој текст може да се земе како пример за да се покаже како функционира намерната манипулација со јавноста во нашите медиуми, која бележи постојан раст.
Линк до оригиналниот напис: „Се затегнува ситуацијата во Диво Насеље, по доаѓањето на Зијадин Села“
Датум и време на објавување: 09.05.2016
Датум на рецензирање: 12.05.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Обидувајќи се што побрзо да се стави сенка врз присутноста на еден политичар во одбележувањето на годишнината на Кумановските настани, текстот известува за амбиентот по неговото доаѓање во Куманово. Меѓутоа, текстот е нецелосен, без конкретни извори и дополнителни информации за текот на организираниот марш во Куманово.
Иако Советот на Диво Насеље се изјасна против политизирање на одбележувањето на првата годишнина на кумановскиот конфликт, сепак пред неколку минути таму пристигнал претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села. Неговото доаѓање предизвикало тензии и незадоволство во Диво Насеље, бидејќи сметаат дека маршот е злоупотребен од една група луѓе кои се блиски до Министерот за внатрешни, Митко Чавков.
Првата манипулација на овој текст е поврзана со Советот на Диво Насеље – Куманово, кој не се изјаснил воопшто во врска со учеството на споменатиот политичар во маршот организиран од страна на семејствата вклучени во кумановскиот случај, како и од граѓаните на Куманово.
Втората манипулација, истакнувањето дека доаѓањето на еден политичар предизвикало тензии, е невистинито и тенденциозно. Инаку, со ниеден аргумент не се потврдува влошувањето на ситуацијата. Јавноста не знае дали се информира од терен, дали новинарот ја прикажува фактичката состојба, или ова тврдење го слушнал од некој трет и истото го пренесува.
И последна – тврдењето дека маршот во Куманово е злоупотребен од една група блиска до екс-министерот за внатрешни Митко Чавков. И ова невистинито тврдење беше демантирано од сите други медиуми, кои за маршот во Куманово известија дека се се одвивало без проблеми, како што беше најавено. Граѓаните марширале мирно и во тишина, изразувајќи на овој начин револт за молкот на компетентните институции и неоткривањето на вистината за 9-10-ти Мај во Куманово.
Професионалниот новинарски стандард препорачува: медиумите треба да бидат независни, непристрасни и чесни во известувањето за настани што се важни за јавноста. Тие се обврзани да се ангажираат за постигнување на највисоките стандарди за точност и непристасност, како и да го избегнат намерното манипулирање на јавноста. Новинарите и медиумите треба да се резистентни кон притисоците и влијанијата, од било кој субјект или извор.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не ја прикажува вистината
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови