verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест со кратки нозе

on 19 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #196 - 'Thaçi shkon në zgjedhjet e 5 qershorit!_' - www_zhurnal_mk_content__id=165111647559#_VzNtX6GDJ0M_facebo

Напис: Тачи оди на избори на 5 јуни!?

Новинската агенција „Журнал“ неофицијално дознава дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ќе учествува на изборите на 5 јуни.

Претседателот Тачи во овие часови тактизира и го подготвил списокот за пратеници на оваа партија кој ќе го достави пет минути пред полноќ кога се очекува да помине рокот. Целата координација се прави со членот на ДИК, Бедредин Ибраими.

Ова е сценариото кое го спрема Мендух Тачи за да се легитимираат изборите во Македонија и да му излезе на помош на поранешниот македонски премиер, Груевски, и на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.

„Журнал“ дознава дека ова е најможното сценарио, а не се исклучува и можноста ДПА да не учествува на изборите на 5 јуни.

 

 

[Рецензија: „Тачи оди на избори на 5-ти Јуни!?“]

Иако во времето кога е напишана оваа вест (неколку минути пред 17 часот), Демократската партија на Албанците соопштила јавно и официјално дека нема да учествува на изборите на 5 јуни, овој текст му нуди на читателот нешто сосема различно. Да анализираме врз каква основа е дадена оваа информација.

Zhurnal - Thaci shkon ne zgjedhjet e 5 qershoritЛинк до оригиналниот напис: „Тачи оди на избори на 5-ти Јуни!?

Датум и време на објавување: 11.05.2016, 16:47

Датум на рецензирање: 13.05.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Потпирајќи се на анонимни извори, во содржината се тврди дека ДПА се подготвува за да достави до Државната изборна комисија список на кандидатите за пратеници. Пред неколку часа, медиумите што се обиделе да земат изјава од ДПА, успеале да дознаат дека оваа партија утврдила конечен став да не го достави овој список.

Не може да се каже дали авторот што го напишал овој текст знаел или не такво нешто (официјалниот став на ДПА), бидејќи не го спомнал никаде во тескстот, но неговите извори тврдат дека се планира нешто целосно друго. Фактот што авторот не направил еден сеопфатен текст, остава простор за сомнежи. Освен тоа, ниту се обидел да стапи во контакт со ДПА, барем и само за да се почитува професионалното правило и кога авторот е сигурен дека нема да земе ниту една дополнителна информација.

„Претседателот Тачи во овие часови тактизира и го подготвил списокот за пратеници на оваа партија кој ќе го достави пет минути пред полноќ кога се очекува да помине рокот. Целата координација се прави со членот на ДИК, Бедредин Ибраими“.

Сега неколку денови по поминување на рокот, овие информации може да се сметаат како шпекулации. ДПА не достави до ДИК список на кандидатите за пратеници и не се потврдија тврдењата во оваа содржина. Последниот збор на овој краток текст и со половични информации, содржи и коментари, за деградирање на споменатиот политички субјект. Со истата цел е употребена и оваа фотографија што нема врска со списоците на кандидати за пратеници.

„Ова е сценариото кое го спрема Мендух Тачи за да се легитимираат изборите во Македонија и да му излезе на помош на поранешниот македонски премиер, Груевски и на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков“.

Според Прирачникот за етика во новинарството, текстот треба да има најмалку два извори, да се обиде да се земе став од засегнатата страна, да се нагласи кога станува збор за непотврдени информации и да се избегнат коментарите од страна на авторот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести