Гол маж висел од зграда, ама не во Гостивар
Објавено во Рецензии
on 19 - 05 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Гол маж висеше од зградата во Гостивар (галерија)]
Оваа кратка фото-вест е невистинита, односно невистина е дека настанот опишан преку фотографијата се случил во Гостивар.
Линк на оригиналниот напис: Гол маж висеше од зградата во Гостивар (галерија)
Датум и време на објавување: 16.05.2016
Датум на рецензирање: 17.05.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ЛАЖНА ИНФОРМАЦИЈА
Интересно е кога ќе прочитате дека гол маж висел од зграда во Гостивар.
„Како што обично бива, швалерот в кревет, мажот на врата, швалерот – низ прозорец. Но, тешко е да се побегне од повисоките спратови, а во тао се увери овој Гостиварец!“
Уште и ако сте од Гостивар, веројатно ќе се потрудите да откриете кој е швалерот што се нашол во непријатна ситуација и која е зградата од која висел. И тоа е целта на оваа кратка фото-вест. Ваквата дезинформација е свесно пласирана за да се привлече инстантно вниманието на читателите и да се соберат што е можно повеќе кликнувања.
Но, ако се потрудите на „Гугл“ да ја побарате фотографијата, ќе видите дека таа е земена од друга веб-страница, од вест објавена во 2011 година и дека е лага дека голиот маж висел на зграда во Гостивар.
Имено, фотографијата е „позајмена“ од веб-страницата piximus.net, од вест која е објавена на 3 мај 2011 година, а која гласи: „Вицот со мажот кој се враќа дома во реалниот живот“.
Според тоа, како што кажавме и на почетокот на оваа рецензија, веста е лажна. Ваквата постапка се коси со темелните принципи наведени во преамбулата на новинарскиот Кодекс, каде се нагласува дека:
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
прикажува невистина
лажни информации
не аплиактивно
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови