Рецензии

Има за „Платеничка револуција“, а нема за „Шарената револуција“

на 27. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО)]

  Шпекулации, неаргументирани тези, девалвирање, клеветење… И, сето ова го има во овој текст кој е направен крајно непрофесионално, без ниту еден потребен елемент за коректен и веродостоен новинарски производ. Написот нема прецизни извори на информации, нема аргументација, нема втора страна, но затоа натежнува од паушални обвинувања и со коментари. Линк до оригиналниот напис: Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО) Датум и време на објавување: 24.05.2016, 20:40 Датум на рецензирање: 26.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НАСЛОВОТ ГЕНЕРАЛИЗИРА

Да почнеме со ред.  Објавата е врамена со наслов што генерализира:„Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО)“. Ваквата насловна конструкција остава впечаток дека се работи за

Вестите без факт – алатка на војската на пропагандата

на 27. 05. 2016 | | sq

Напис: Ким Мехмети „генерал на мртвата војска“?!

Ким Мехмети, кој се самопрогласил за портпарол на албанското незадоволство, малку денови го делат од тоа да се нарече „портпарол на мртвиот совет“! И, овој ден доаѓа со брзи чекори! Со секој ден што поминува, Ким е сè поблиску и поблиску до заслужената титула. За читателите што не слушнале за опозицискиот совет, тој првично беше наречен Натпартиски совет, но потоа беше преименуван, откако видоа дека тој не беше таков, бидејќи не беа сите ниту опозициски, а ниту позициски партии, како ДУИ и ДПА. Значи, реално, не беше ни „опозициски совет“! Таканаречениот „опозициски совет“ броеше две партии, Движењето Беса и ПДП. Движењето Беса уште не е легитимирано на избори, каде што ќе се мери

Напис кој поттикнува омраза

на 27. 05. 2016 | | sq

Напис: Споменикот на навредувачот на пророкот Мухамед ќе се постави среде Скопје

Три планирани споменици ќе се постават во центарот на Скопје, кои се веќе се влезени во територијлните планови на Република Македонија, а меѓу нив и тој на Пјетер Богдани, остар критичар на Албанците муслимани, пренесува порталот „Илирида“. На социјалните мрежи почнале да се прават повици против поставувањето на неговиот споменик во Скопје, каде мнозинството Албанци припаѓаат на исламската вера, критикувајќи ја остро ДУИ на Али Ахмети и најавувајќи протести за да се запре овој криминал против муслиманите. Во неколку книги од Пјетер Богдани, пророкот Мухамед се обвинува како навлечен на блуд и како хипокрит. За исламот тој вели: „Исламот е инспирација на ѓаволот“. Омразата на Пјетер Богдани против

Ни месо, ни риба!

на 27. 05. 2016 | | sq

Напис: Расте бајрактаризмот

Бледнее улогата и силата на политичките партии, по континуираниот пораст и несогласувањата што се шират на големо во внатрепартиските табори. Нетрпеливоста кон политиката на лидерот и на раководството е една појава што секој ден ја зголемува индивидуалната активност на политичарите, кои ги користат своите независни позиции за да изразат незадоволство во врска со внатрешните политики. Од напуштањата на ДУИ, произлезе новата партија Унитети, од напуштањата на ДПА излезе ДР-ДПА и други политички партии како Беса и НДП. Од друга страна, пак, и новите партии не покажале некоја подготвеност за формирање еден опозициски фронт. Универзитетскиот професо д-р Осман Кадриу неодамна за ИНА истакнал дека таквата појава е повеќе од евидентна кај албанскиот политички спектар, меѓутоа според него, овие

Денот на сесловенските просветители секогаш се прославувал

на 26. 05. 2016 | |

[Рецензија: Тито не дозволил денот на Св.Кирил и Методиј да биде државен празник]

  Текстот за прославата на Денот на сесловенските просветители преку едно архивски заведено писмо на Димитар Влахов, потпретседател на Прездиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ, секако е интересен „подарок“ за читателот. Писмото и околностите во кои тоа е пишувано е обработено фељтонски, има многу факти и тие се предадени „питко“. Проблемот со овој напис, сепак, потои и тој се гледа уште во насловот, кој се врзува за нечија недадена дозвола, иако оние кои се во зрели години секако се сеќаваат дека на тој ден не одеа на училиште или одеа на приредбите организирани по тој повод. Линк до оригиналниот напис: Тито не дозволил денот на Св.Кирил и

Партиско соопштение пласирано како новинарски текст

на 26. 05. 2016 | |

[Рецензија: ГРУЕВСКИ ГО ЗАКОПА ШИЛЕГОВ И СДСМ: Единствениот приход кој го имам е од платата, нема никакви сомнителни трансакции!]

   Кодексот на новинарите е дециден и налага:  Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (член 14) Во текстот што го рецензираме не е направена  токму таква дистанца. Написот интегрално пренесува соопштение од владејачката партија, без никаква новинарска диоптрија.  Линк до оригиналниот напис: ГРУЕВСКИ ГО ЗАКОПА ШИЛЕГОВ И СДСМ: Единствениот приход кој го имам е од платата, нема никакви сомнителни трансакции!  Датум и време на објавување: 22.05.2016  Датум на рецензирање: 24.05.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   ЧЕТИВО ЗА ШИРОКА ПАРТИСКА УПОТРЕБА Написот, всушност, е целосно ископирано партиско соопштение. Во него нема ниту ангажираност, ниту истражување, ниту новинарско изразување. Ако на

Од принтскрин од СМС, вест не бидува

на 25. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ АЕРОДРОМ ГО ТЕРА ЧЛЕНСТВОТО ДА ГО БОДРИ МЗТ]

  Без аргументи и докази, политички пристрасен и едностран текст. Напишаното не е проверено од ниту еден извор, нема изјави од засегнатите страни, но има манипулативни коментаторски заклучоци. Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ АЕРОДРОМ ГО ТЕРА ЧЛЕНСТВОТО ДА ГО БОДРИ МЗТ Датум и време на објавување: 18.05.2016 Датум на рецензирање: 23.05.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НЕПОТВРДЕНИ ОБВИНУВАЊА

„УМС ВМРО-ДПМНЕ Аеродром се фатени на дело како од службени телефони праќани илјадници пораки до партиски активисти на Вмро Дпмне од кои се бара да го бодрат МЗТ-Скопје во вечерашниот кошаркарски натпревар со КК Куманово“. Единствени, наводни докази за ова се неколку принтскринови од СМС-пораки кои, наводно, биле испраќани од УМС. Во текстот

Етикетирање и спинување

на 25. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Активистите на СОРОС со ЗАКАНИ кон хендикепираните!]

  Текстот е едностран, коментаторски и не се темели на факти. Изнесените информации, всушност, се произволни и непроверени заклучоци. Ваквото генерализирање се коси со новинарските стандарди за објективно информирање. Линк до оригиналниот напис: Активистите на СОРОС со ЗАКАНИ кон хендикепираните!  Датум и време на објавување: 7.12. 2015,15:26 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

„ФЕЈСБУК“ – ЕДИНСТВЕН ИЗВОР

„Активистката за права на хендикепираните лица Бранкица Димитровска на својот профил на Фејсбук се соочува со закани и вулгарности од страна на активистите на СОРОС и на Канвас“. Изнесените тврдења во написот се непроверени и се темелат на објави на социјалните медиуми. Пред сè, станува збор за едно лице, кое во приватна порака

Поттикнување омраза

на 25. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Хулиганите ги стигнува правдата за штетата од над 200.000 евра: Професорот Калајџиев повикан во полиција] Најмалку пет од 17 членови на Кодексот на новинарите се прекршени со оваа медиумска содржина. Кога ќе се земе предвид овој факт, станува збор за сериозна девијација од професионалните новинарски стандарди. На тоа треба јасно да се укаже и да се аргументираат нотираните отстапувања за да можат граѓаните, публиката, да добијат прецизна, контрастирана слика за медиумската содржина која, како таква, нема место во витрината на професионалното етички коректно новинарство. Првиот доминантен отскок од неопходниот минимум стандарди е политичката пристрасност. Почнувајќи од насловот, додавајќи ја отворената политичка обоеност во речиси сите реченици на овој текст. Во таа смисла, членот 14 од Кодексот е многу прецизен:

„Финтаџиска“ (дез)информација

на 25. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Ослободени двајцата заложници од СДСМ (ВИДЕО)]

  Требало да биде „финтаџиско“ текстче, ама излегло како дезинформатвен напис – привлекува погледи и кликнувања, ама не нуди веродостојна информација. Линк до оригиналниот напис: Ослободени двајцата заложници од СДСМ (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 19.05.2016, 11:57  Датум на рецензирање: 22.05.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ЗАЈАДЛИВОСТ И ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ

Станува збор за обид да се направи некаква си козерија од актуелната ситуација во која тазе свиканото Собрание ги констатираше оставките на министрите од редовите на СДСМ. За таа цел се користат измонтирани видеоснимки од настапи на лидерот на опозицијата и на координаторот на пратеничката група на социјалдемократите, демек за да се долови ефектот на контрадикторност кај опозицијата. Но, она што е важно