verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Партиско соопштение пласирано како новинарски текст

on 26 - 05 - 2016       

infomax

[Рецензија: ГРУЕВСКИ ГО ЗАКОПА ШИЛЕГОВ И СДСМ: Единствениот приход кој го имам е од платата, нема никакви сомнителни трансакции!]

 

 Кодексот на новинарите е дециден и налага: 

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (член 14)

Во текстот што го рецензираме не е направена  токму таква дистанца. Написот интегрално пренесува соопштение од владејачката партија, без никаква новинарска диоптрија.

 1111Линк до оригиналниот напис: ГРУЕВСКИ ГО ЗАКОПА ШИЛЕГОВ И СДСМ: Единствениот приход кој го имам е од платата, нема никакви сомнителни трансакции!

 Датум и време на објавување: 22.05.2016

 Датум на рецензирање: 24.05.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЧЕТИВО ЗА ШИРОКА ПАРТИСКА УПОТРЕБА

Написот, всушност, е целосно ископирано партиско соопштение. Во него нема ниту ангажираност, ниту истражување, ниту новинарско изразување. Ако на таквиот, еве, да го наречеме, стил на работа, се додаде и пристрасност, тогаш добиваме четиво за „широка“ партиска употреба.

Значи, целосно е пренесена реакцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за прозивките од опозицијата, за тоа како успеал тој да заштеди илјадници евра, а дополнително е „залепен“ обоен наслов: „ГРУЕВСКИ ГО ЗАКОПА ШИЛЕГОВ И СДСМ: Единствениот приход кој го имам е од платата, нема никакви сомнителни трансакции!“

Пристрасност? Да! Демек, соопштението на Груевски е толку силно што се завртиле главите и на СДСМ и на Шилегов.

Друг проблем е што текстот, поради наклонетоста кон едната, не ги соопштува откритијата на другата страна за рапидно зголемување на банкарското салдо на експремиерот во изминатите години. Наместо тоа, имаме во целост објавување на објаснувањето на Груевски, кое, инаку, не дава суштински јасен одговор на прашањата од СДСМ.

Материјалот ем е пристрасен, ем е содржински „гол“ и нецелосен, зашто не ја раскажува случката во целост. Повеќе наликува на говор соодветен за партиски собир, отколку на четиво што треба да информира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија на партиско соопштение

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести